Регион
Бугарија ги затвора училиштата и рестораните до 21 декември
Бугарија објави затворање на училиштата, рестораните, трговските центри и спортските сали до 21 декември, но како и остатокот од источна Европа, и таа тешко се бори против ширењето на коронавирусот.
Според новите мерки, училиштата и универзитетите ќе се префрлат на настава преку интернет, а градинките ќе бидат затворени.
Приватните собири се ограничени на 15 лица, а сите ресторани, кафулиња и ноќни клубови ќе бидат затворени. Забранети се туристички патувања во земјата и странство.
По протестите на претприемачите, владата одлучи да дозволи работа на помали продавници, а спортските настани може да се одржат без гледачи. На театрите им е дозволено да примат само 30 проценти од нивниот капацитет.
Ограничувањата стапуваат во сила в петок за да се намали притисокот врз 7 милиони жители на државата, пренесе „Ројтерс“.
„Докажано е дека само една работа влијае на коронавирусот – намалување на социјалните контакти или карантин. Со цел да го ублажиме притисокот врз болниците што се на работ, ги воведуваме овие мерки на секои три недели“, рече премиерот Бојко Борисов.
Како и повеќето земји од централна и источна Европа, Бугарија добро се справи со пандемијата на коронавирусот пролетва, но вирусот избувна наесен. Во средата имаше 4.382 нови случаја, со што вкупниот број достигна речиси 130.000 од почетокот на пандемијата. Вкупно починаа 3.226 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Пожар во Атина: Се запали станбена зграда, пет противпожарни возила на лице место
Пожар избувна на високо приземје на станбена зграда во атинската населба Ризуполи. Како што јави грчкиот јавен сервис ЕРТ, на лице место излегле 16 пожарникари со пет возила.
Мобилизирани се и два камиони со скали, доколку е потребно да се евакуираат станарите од горните катови.
Регион
(Видео) Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја
Силно невреме ја зафати Грција, поточно Лариса, каде обилните дождови доведоа до излевање на канализацијата, која ги поплави улиците, а во Волос е забележан и прекин на струја.
Врз основа на податоците од метеоролошката станица на Националната опсерваторија во Атина, измерени се просечни 100 милиметри дожд или максимални 312 милиметри на час, поради што полицијата мораше да го прекине сообраќајот бидејќи улиците беа поплавени.
Во градот Волос во текот на ноќта имало проблеми со струјата, но како што пренесуваат грчките медиуми, се е брзо ставено под контрола.
Министерот за цивилна заштита и климатска криза Василис Кикилијас од вчера е во Тесалија за внимателно да го следи развојот на невремето.
– Имаше оправдана загриженост на граѓаните овде во Тесалија бидејќи сеќавањата за катастрофата се свежи, затоа бевме сите овде, координирани и организирани. Драго ми е затоа што досега овој напор се исплатеше. Само со заедничка и координирана работа можеме да добиеме многу добри резултати – најави тој.
Силен дожд и невреме го зафати јужниот дел на Пелион, а како што јавуваат медиумите паднал и град. Овој регион во септември минатата година беше соочен со разорни поплави.
Ненадејна промена на времето се случи и на големите височини во централна и северна Грција, каде падна снег.
„Снежно невреме е забележано во ски-центарот на Василица“, се наведува.
Во меѓувреме, населението е најмногу загрижено за земјиштето околу езерото Карла на границата на Магнезија и Лариса, кои беа поплавени во септември минатата година. Полињата, па дури и воените инсталации во Стефановики се под тони вода.
Регион
Сообраќајка на бугарски автобус во Турција, повредени 11 лица
Единаесет лица се повредени кога автобус со бугарски регистарски таблици што сообраќал од Истанбул за Бугарија се превртел во областа Киркларели во Турција, јави агенција та Анадолија.
Сообраќајната несреќа се случила на 50 километри од бугарската граница. Автобусот е на компанијата „Метро туризам“.
На местото на несреќата се упатени екипи на полиција и медицински лица.
Повредените, вклучувајќи го и возачот на автобусот, се хоспитализирани во околните болници.