Регион
Бугарија го забранува купувањето државјанство
Бугарија планира да го укине законот со кој се дозволува купување бугарско државјанство преку инвестирање во земјата, соопшти бугарското Министерство за правда истакнувајќи дека ваквиот закон не донел значајна економска корист за државата, објави британски „Телеграф“, а пренесува агенцијата „Танјуг“.
Овие законски измени следуваат по извештајот на Европската комисија, со кој се предупредува Бугарија дека законот им овозможува на странските организирани криминални групи да се инфилтрираат во Европската Унија и го зголемува ризикот од перење пари, корупција и даночно затајување.
Бугарија е една од трите земји на Европската Унија, покрај Кипар и Малта, која сега им дава државјанство на странски инвеститори.
Дваесет земји членки на ЕУ, вклучувајќи ги и овие три, исто така продаваат дозволи за постојан престој.
Во Бугарија странците може да добијат пасош кој ги отвора вратите за повеќето земји на Европската Унија за инвестиции во висина од 1 до 2 милиона лева, односно од 500.000 до 1 милион евра.
Бугарското Министерство за правда соопшти дека од 2013 година до денес само 50 странци од Русија, Египет, Израел и од Пакистан добиле пасоши врз основа на овој закон.
Законските измени, како што е наведено во соопштението на Министерството, ќе ги зајакнат контролите и правилата за доделување државјанство и на лица со бугарска етничка припадност.
Во октомври минатата година бугарските обвинители обвинија висок државен службеник за измама со документи за кои велат дека на странците им овозможиле да добијат бугарски пасоши и слободно патување во ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Прашина од Африка стигна во Грција: небото над Атина стана портокалово
Небото над Атина, главниот град на Грција, стана портокалово поради огромните облаци од прашина што пристигнаа од Африка.
Грчкото здружение за пулмологија ги предупреди граѓаните дека честичките од пустинската прашина во атмосферата се опасни за луѓето со респираторни проблеми.
🚨#WATCH: As the Saharan dust has turnt the sky of Athens, Greece completely orange.
The Sahara dust is turning the sky into a vibrant orange across Athens, Greece. The wave of dust began yesterday and is forecasted to peak today.
pic.twitter.com/jo7fAwNIv4— R A W S G L 🌎 B A L (@RawsGlobal) April 23, 2024
На луѓето со респираторни и срцеви проблеми им се советуваше да не се занимаваат со активности на отворено, да ги држат прозорците затворени и да користат маски кога се на отворено.
Грчкиот метеоролог Костас Лагувардос објави на „Фејсбук“ дека Атина изгледа како колонија на Марс.
HAPPENING NOW: *Orange sky* – African dust blanketing Greece created an eerie image that made Athens look like a colony on Mars, Greek meteorologist reportedly says pic.twitter.com/qXicm92YPE
— Bruce Snyder (@realBruceSnyder) April 23, 2024
Поради пустинската прашина, намалена е видливоста во центарот на градот и регионот, а грчката метеоролошка служба соопшти дека во северна и западна Грција се очекува дожд од прашина.
In Athens, the sky turned orange due to a large amount of dust brought from the Sahara Desert, pic.twitter.com/Xie3o7Ovku
— S p r i n t e r F a c t o r y (@Sprinterfactory) April 23, 2024
Регион
Мајката на осомничениот за убиството на Данка: Не го видов телото на мојот син
Светлана Драгијевиќ, мајката на Далибор Драгијевиќ, кој почина од насилна смрт во полициската станица во Бор, на распитот за убиството на Данка Илиќ (2) за порталот „Нова.рс“ вели дека нејзиниот починат син бил жртва на полициска тортура.
Таа истакнува дека не го видела телото и дека сѐ уште го чека извештајот од обдукцијата на синот.
Драгијевиќ е брат на Дејан, осомничениот за убиството на девојчето Данка Илиќ. Тој беше приведен на 6 април под сомнение дека му помогнал на својот брат да го скрие нејзиното тело, а почина ноќта меѓу саботата и неделата, односно на 7 април.
Мајката на Драгијевиќ за „Нова.рс“ изјави дека никој не дошол кај неа да ѝ каже дека син ѝ е претепан, туку дека само полицаецот дошол да ја извести за погребот.
„Не се сомневам дека ќе се дознае кој го убил, од Бор се. Извештајот од обдукцијата сѐ уште не сум го добила, па се надевам дека ќе открие сѐ“, вели Светлана, која исто така наведува дека не го видела телото на синот.
Неделникот „Радар“ неодамна објави дека обдукцијата покажала оти Драгијевиќ починал со насилна смрт, а доказ за тоа се многуте повреди што ги имал на телото. Но, полицијата во соопштението наведе дека Драгијевиќ починал од природна смрт, односно му се слошило во полициската станица.
Полицијата ги уапси работниците на ПУК „Водовод“, Дејан Драгијевиќ и Срѓан Јанковиќ, под сомнение дека го убиле девојчето Данка Илиќ. Таткото Радослав и братот Далибор на осомничениот Драгијевиќ беа приведени под сомнение дека му помогнале да го скрие телото на детето.
Телото на Данка сѐ уште не е пронајдено.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.