Регион
(Видео) Вучиќ од Будимпешта: Србија нема да биде паркинг за мигрантите
Денеска, во Будимпешта се одржува трилатералниот самит на Унгарија, Србија и Австрија за мигрантската криза. Се работи за заедничка акција против организираниот криминал и шверц.
Српскиот претседател Вучиќ пред новинарите го поздрави домаќинот на настанот, унгарскиот премиер Виктор Орбан, бидејќи, како што рече, тој секогаш имал доволно храброст да иницира важни регионални прашања.
„Денеска, разговаравме за сите важни и тешки прашања со кои се соочуваме. И енергијата и финансиската состојба… Сите сме под притисок. Сите знаеме колку тешко ќе биде да се надминат есента, зимата, а богами и пролетта. Мислам дека следната ќе биде уште полоша зима“, рече Вучиќ.
Тој нагласи дека Србија значително ќе се усогласи со визната политика на ОН до крајот на годината. Како што вели, Србија е специфичен случај бидејќи има зголемување на пристигнувањето на бегалци, кои не доаѓаат само од Израел, Пакистан и други земји, туку и од Русија и Украина.
„Тоа не е мал товар за мала земја. Разговаравме за миграцијата и сакам да ги информирам сите дека Србија до крајот на годината ќе се усогласи со визната политика на Европската Унија. Србија нема да може да се користи како земја на пристигнување… Луѓето во Белград не знаат со колку проблеми се соочува нашата полиција, а сега решивме да им помогнеме на Австрија, Унгарија со заедничка работа“, додаде Вучиќ.
Тој рече дека за неколку дена, на 7 октомври, во Белград ќе биде потпишан договор, а потоа ќе се состави акциски план.
„Тука сме да си помогнеме. Ќе има проблеми со храната, некои земји ќе бидат на работ на колапс и ќе мораме да си дадеме поддршка еден на друг. Луѓето не ја чувствуваат кризата како ние во државниот апарат. Ситуацијата е страшна. Ги трошиме сите пари, трошиме сè што направивме добро во претходните 10 години. Србија не сака да биде паркинг за мигрантите и затоа секогаш ќе го почитуваме меѓународното право и ќе ги разбираме проблемите на луѓето што се во тешка ситуација, но ќе ја зачуваме безбедноста.
View this post on Instagram
Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека не се задоволни од состојбата со мигрантите, но, како што истакна, и унгарските и српските граничари се борат да ја спречат илегалната миграција.
Унгарија го иницира овој состанок затоа што се наоѓаме во најспецифична ситуација, имаме миграции од два правца, над милион бегалци дојдоа од правец на Украина, а имаше повеќе од 180.000 илегални обиди за влез на нашата јужна граница“, рече Орбан.
За гостопримството се заблагодари и канцеларот на Австрија, Карл Нехамер, кој изјави дека денешниот настан е важна можност за решавање едно сериозно прашање.
„Примивме 70.000 бегалци од Индија, Бангладеш и од Пакистан. Австрија обезбедува засолниште за 80.000 Украинци и ова е важно безбедносно прашање за Австрија“, вели Нехамер.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Регион
Девојка што исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.
Регион
Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра
Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални мигранти преку границата со Хрватска. Акцијата под кодното име „Пирамида“ координирана од Обвинителството на БиХ беше спроведена на 16 различни локации низ земјата.
Како што беше утврдено во досегашната истрага, уапсените организирале илегално преминување на границата на најмалку 600 лица, од кои стотина се деца.
„Според прелиминарните податоци, оваа меѓународна организирана криминална група во изминатите шест месеци остварила финансиска корист од повеќе од шест милиони конвертибилни марки (три милиони евра)“, се вели во полициското соопштение.
Разбивањето на оваа мрежа на трговци со луѓе беше спроведено заедно со Управата за криминалистичка полиција на МВР на Република Хрватска и Европол и со учество на припадници на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).
Граничната полиција на БиХ наведува дека продолжува да презема мерки за спречување на шверцот на луѓе, особено против организираните криминални групи. Потсетуваат дека во првите три месеци од годинава полициски службеници и граничари до обвинителството поднеле 83 пријави против 177 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле 110 кривични дела криумчарење луѓе.