Регион
(Видео) Голем пожар зафати градски пазар во Тузла
На градскиот пазар во Тузла избувна голем пожар, а засега не е познато дали има повредени, велат од институциите.
Во кус временски период огнот зафатил поголем дел од пазарот, а причината за избувнувањето на пожарот уште не е позната, пренесе „Клих.ба“.
Сите расположливи противпожарни екипи се наоѓаат на терен и се обидуваат да го сопрат ширењето на огнот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето три лица во БиХ, кои на „Тик-ток“ објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управа за технологија, уапси три лица кои се сомничат дека преку социјалната мрежа Тикток објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б.Т.(2002), М.Т.(2001) и З.Т.(1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Регион
Два силни земјотреса го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9.12 часот на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува „Катимерини“.
Двата земјотреса беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија, Ефтимис Лекас, на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, а директорот на Геодинамичкиот институт, Атанасиос Ганас, рече дека причината што нема материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.
Регион
„Можеби некој ги следел, загрижен сум што Ивана толку ја држат“: се огласи вујкото на Данка
Стефан Драгомировиќ, братот на Ивана Илиќ, мајката на исчезнатата Данка Илиќ, девојчето од Бор, се огласи за целата ситуација за српските медиуми. Вели дека е загрижен за својата внука, но и за сопствената сестра.
Во средата и четвртокот Ивана ноќта ја поминала кај својот брат бидејќи полицијата поради истрага, ја одвоила од сопругот Милош, таткото на Данка.
„Загрижен сум што Ивана ја држат толку долго, но се тешам што нејзините изјави се највалидни бидејќи таа последна ја виде Данка, односно исчезна пред нејзините очи. Таа беше уништена и плачеше и ми рече дека не може да спие цела ноќ. И покрај сè, морав да работам. Бев во рудникот. Јас и моето семејство немаме што да криеме“, вели тој.
Тој додава дека додека по детето се трага, а полицијата ги истражува сите околности, најдобро е ништо да не се каже за да не се усложни истрагата.
„Веднаш почнав да трагам, но набргу ми рекоа дека не можеме да го направиме тоа и со тоа да ја загрозиме истрагата“, раскажува Стефан.
Тој раскажува што му кажала сестра му Ивана за исчезнувањето на ќерка ѝ.
„Ивана тој ден отиде на плацот со Лазо и Данка, каде што не доаѓа толку често како мене. Таа дојде затоа што е на одмор и беше убав денот за да може децата да поминуваат време на отворено. Ги гледала децата како си играат на плацот, каде што бил паркиран нејзиниот автомобил. Лазо побарал вода за пиење, а Ивана, бидејќи водата во куќата е затворена, отишла до автомобилот да земе вода и му ја дала да пие. Погледнала каде е Данка, но не ја видела. Мислела дека е некаде во задниот дел зад дрвјата, кои беа толку многу што од автомобилот каде што беше Ивана не можеше да има поглед на тој дел зад плацот. И почнува потрагата, па агонијата што се проширува“, раскажува вујкото на Данка.
Тој се сомнева дека девојчето е киднапирано.
„Можно е некој да ја следел Ивана со децата до Бањско Поле и да го искористил моментот за да го грабне детето“, вели Стефан.
Тој зборуваше и за сомнежите што се појавија дека мајката и таткото нешто му направиле на детето.
„Мислам дека Ивана не е способна за такво нешто и не можам да замислам дека знае каде исчезна Данка. Верувам дека Ивана ја кажува вистината бидејќи нејзината изјава се совпаѓа со ситуацијата во која се нашла со оглед на тоа што шишето со вода било во совозачката врата. И точно е дека поради дрвјата не можела да има поглед кон Данка“, истакнува вујкото.
Откога ако детето исчезна на парцелата Драгоморовиќ, Стефан го знае секој детаѝ од тој имот и објаснува дека багерите не копаат, туку само расчистуваат. Тој објаснува дека дезинформациите се за тајни канали на нивната земја.
„Багерите не копаат, расчистуваат. Има канал што носи вода од езерото до поранешната РТБ и минува под нашиот имот. Пробива на парцелата каде што сега ни е забранет пристапот. Урнатините таму се мои затоа што чував некои машински делови во куќата. Порано работев во сервис за бела техника. Таму имаме лозје и бавчи“, рече Драгомировиќ.
Разни можни верзии стигнале до него и ја разгледувал секоја можност што ќе му текне, вели ја прашал сестра си дали можеби гледала во мобилниот телефон, се занела и заборавила на Данка.
„Ми кажа дека телефонот во тој момент ѝ бил во џебот.
Стефан не знае дека Ивана и Милош имале непријатели и непријатност во соседството поради што некој би сакал да им наштети.
„Во Бањско Поле нема такви. Сите се пријатни. А колку што знам, дури и во нивната зграда, која е висока 10 или 11 ката, претпоставувам сè е како што треба“, вели тој.
Тоа што Ивана и Милош ја сменија вратата и поставија видеонадзор не го изненадува.
„Претпоставувам дека сите се стремиме кон подобро. Вратата уште не е поставена, а не се сеќавам, но мислам дека камерата е поставена пред една и пол година од безбедносни причини, не поради непријатности. Колку што знам“, одговори вујкото на малата Данка.
Вујкото на исчезнатото дете вели дека таа не можела да падне во некоја вода и така да исчезне.
„На тој простор има езерце, каде што се собира вода, но е пребарано, а за каналот има три-четири шахти според РТБ, но сите се физички затворени“, изјави братот на мајката на исчезнатата Данка.
Ја отфрла можноста таа да паднала во септичка јама или во бунар бидејќи вели дека нема.