Регион
(Видео) Гори најголемиот мигрантски камп во Грција
Во кампот за мигранти на грчкиот остров Лезбос во раните утрински часови избувна пожар, соопшти грчката противпожарна служба.
Засега нема податоци за штетата, ниту за причините за пожарот во кој изгореа шатори и контејнери за сместување нмигранти, пренесува „Ројтерс“.
Полицијата соопшти дека мигрантите биле пренесени на безбедно место, а во гаснењето на пожарот учествувале 25 пожарникари со 10 возила.
Breaking: There is a major fire at Greece’s migrant camp of Moria on the island of Lesbos. The camp holds over 12,000 people. pic.twitter.com/hwvs6OT2X5
— PM Breaking News (@PMBreakingNews) September 9, 2020
Според градоначалникот на Мајлинен, главниот град на Лезбос, Стратос Кителис, пожарот се проширил внатре и надвор од кампот и го уништил, а ситуацијата ја влошува и фактот што меѓу мигрантите во кампот има позитивни на коронавирус, пренесува АП.
Absolute destruction at #Moria camp visible with the first ray of light this morning. Approx 12,000 people will have nowhere to sleep tonight, not even the frail tents they used to call home.
Video by @moutafis77 #greece #lesvos #lesbos #migrants #refugeesgr pic.twitter.com/9XUkS1cSk2— ?????? ????????? (@KallergisK) September 9, 2020
Локалните медиуми пишуваат дека пожарот бил намерно подметнат во знак на протест против карантинот на кампот, а за време на гаснењето, пожарникарите се соочиле и со отпорот на некои мигранти да се евакуираат. Тој камп беше ставен во карантин минатата недела поради појава на еден случај на вирусот Ковид-19, а до вчера бројот на заразени мигранти се искачи на 35 лица.
Околу 12.500 мигранти се сместени во кампот Морија, иако капацитетот за сместување на таа установа е четири пати помал.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.