Регион
(Видео) Судири меѓу полицијата и мигрантите на грчко-турската граница
На грчко-турската граница избувнаа судири кога 500 бегалци се обиделе да ја пробијат заштитната ограда и да влезат во Грција.
Грчката полиција соопшти дека е истрелен солзавец кон бегалците на турската територија, како и дека од турска страна е возвратено со солзавец кон грчката страна, пренесе АП.
Судирите почнале во 14 часот по локално време и траеле приближно 2 часа. Се проценува дека речиси 2.000 бегалци сè уште се наоѓаат на грчко-турската граница.
According to Greek government sources, in the early hours of Wednesday morning 300-500 people attempted to cross from #Turkey to #Greece through the heavily-guarded land border in Kastanies, Evros. pic.twitter.com/5oWGD3OXyL
— Daphne Tolis (@daphnetoli) March 18, 2020
Кога Турција ги прогласи за отворени своите граници кон Европа, десетина илјади бегалци се упатија кон Грција.
Денеска, Анкара соопшти дека затвора шест копнени и поморски гранични премини кон Грција и Бугарија за да спречи ширење на коронавирусот, но властите укажуваат дека тоа не значи оти Турција се откажува од одлуката во даден момент повторно да ги отвори своите граници кон Европа за бегалците од Сирија.
Турските граници ќе бидат и натаму затворени за бегалците, но не и за транспорт на продукти и опрема, изјавиле анонимни турски извори блиски до владата во Анкара.
Во пограничните бегалски кампови не се регистрирани случаи на заболени од коронавирус иако е непознато во која мера се спроведуваат тестирања.
Над 9.300 луѓе досега успеале да влезат во Грција, поголем дел преку грчките острови во Егејското Море.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.