Регион
(Видео) Тензии во Косово, полицијата употреби шок-бомби и солзавец
Во северниот дел на Косовска Митровица во тек е акција на косовската полиција, а граѓаните се собраа и ја блокираа улицата Кнез Милош, објави „Косово онлајн“, пренесува „Б92“.
„Косово онлајн“ објави дека косовската полиција влегла во една од аптеките во градот за да ги провери царинските документи.
По ова, луѓето се собрале изразувајќи незадоволство од споменатата акција, а ситуацијата ескалирала кога косовската полиција почнала да фрла шок-бомби и солзавец, а Србите фрлале со камења.
Kosovska Mitrovica jutros. Bačen suzavac i šok bombe. Kosovska policija sprovodi akciju zaplene srpske robe u apotekama i veleprodajama. Na ulici se okupio veći broj građana pic.twitter.com/JezSjHtqNx
— СМ.Милутинац (@Stevan077) October 13, 2021
Според некои наводи на очевидци, во тек е заплена на српска стока.
Според порталот „Косев“, незадоволни Срби одговориле со камења по што косовската полиција фрлила солзавец. Причинета е материјална штета на неколку автомобили паркирани во близина.
По инцидентите, косовската полиција објави соопштение во кое се наведува дека во раните утрински часови е почната операција со цел да се реализираат стратешките цели во спречувањето на криминалните дејства, особено во борбата против шверцувањето стока.
Според соопштението, акцијата се спроведува во регионот на Приштина, Пеќ, Јужна и Северна Митровица, пренесува „Косово онлајн“.
„Сите полициски операции се спроведуваат во координација со надлежните обвинителства и судови и се однесуваат на инспекциски надзор и претреси на разни локации, како што се куќи, станбени и деловни простории, магацини. Како резултат на интензивните акции и професионални дејства на косовската полиција и царината, запленета е разновидна стока, која служи како материјален доказ“, се вели во соопштението.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.