Регион
(Видео) Вучиќ: Трамп ми подари клучеви од Белата куќа
По потпишувањето на договорот со Косово во Белата куќа, претседателот на Србија, Александар Вучиќ, пред новинарите зборуваше за подароците што ги добил од американскиот претседател Доналд Трамп – пенкало, порака на хартија и, како што рече, клучеви од Белата куќа.
„Ова е пенкало што ќе го чувам за себе, го добив од Доналд Трамп. Тој ми го даде и мене …”, започна Вучиќ, на што еден од новинарите го праша дали со тоа пенкало го потпишал договорот со Косово.
President Vučić of ?? claims that after today’s meeting with Donald Trump he got a pen “Trump uses to sign things”, a “message on a piece of paper,” and “keys to the White House so that he can always enter it.”
Sure, buddy. Betcha it was so.pic.twitter.com/Sow1RDvsDc
— Aleksandar Brezar (@brezaleksandar) September 4, 2020
„Не, не, не, само претседателот Трамп потпишува со ова пенкало. И тој ми го даде тоа пенкало, како што ми напиша порака на парче хартија … и сега ја барам таа порака, да не ја објаснувам“, рече Вучиќ, а потоа некој од страна спомена клучеви, на што Вучиќ додаде:
„И ги добив клучевите од Белата куќа, тој (Трамп) ми рече: ‘Ова е за да можете секогаш да влезете во Белата куќа’“, рече Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.