Регион
Владата на Србија го поништи декретот на Приштина за присвојување на српскиот имот на Косово
Српскиот премиер Александар Вучиќ изјави во петокот дека Владата донела одлука со која го поништува декретот на Приштина со кој се презема српскиот имот на Косово и Метохија.
Владата ја прогласи приштинската одлука за ништовна и неважечка, како што тоа претходно го направи со случајот со комбинатот “Трепча”.
“Не може да се каже дека се е твое и при тоа да се преземе некој предмет или имот, кој му припаѓа на некој субјект. Ова е грабеж, а правото на имот е најзаштитено во светот, особено во западниот дел. Не може да се каже:”Јас одлучив, потпишав нешто. Вие сте потпишале наши постери. Мустафа, тоа не е твое! “, рече Александар Вучиќ.
Премиерот изјави дека од почетокот на преговорите во Брисел, беше јасно дека Приштина ќе направи таков потег. Тој посочи дека во рамките на дијалогот претставниците на Приштина, секој пат одбивале да разговараат за имотот. крај/мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.