Регион
Во Србија и Хрватска бројката на заразени од коронавирус надмина 1.000
Во Хрватска и Србија денеска бројката на заразени со Ковид-19 надмина 1.000 лица, односно во Хрватска се регистрирани 1.011 случаи, а во нашиот северен сосед 1.171.
Хрватските здравствени власти информираа за 48 новозаболени, а досега се регистрирани седум смртни случаи.
Во земјата се направени вкупно 8.352 теста, а на респиратор се 35 од заболените. Доесга зазадравени се 88 пациенти.
Во Србија до 15 часот има 1.171 потврден случај на Ковид-19.
Досега во националната лабораторија тестирани се вкупно 5.008 лица кај кои имало симптоми на вирусот или ги исполнувале критериумите.
Според податоците кои вчера ги презентираа претставниците на српскиот кризен штаб, во земјата до тој ден има вкупно 28 жртви од Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Неписмени гангстери: реакција на Милановиќ по одлуката на Уставниот суд
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја коментираше одлуката на Уставниот суд за неговата кандидатура.
Медиумите во регионот потсетуваат на одлуката на Уставниот суд во која е заклучокот дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не може да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија додека ја извршува својата функција. Претседателот на Уставниот суд,Мирослав Шепаровиќ му забранил да биде на избирачкиот список и на кој било начин да учествува во изборната кампања додека е претседател.
„Тоа го направија на гангстерски начин. Тие не ми можат ништо, но јас им можам. Тоа се сељаци, неписмени. Писмен човек, барем тој што завршил автошкола, има проблем со тоа“, рече тој.
Зоран Милановиќ потоа на насобраните во Вела Лука им ја прочитал одлуката на Уставниот суд.
„Најверојатно хрватскиот го научиле во автомеханичарска работилница. Според овие неписмени гангстери, тоа е забрането, но не е“, рече тој.
„Ова мора да се реши на избори. На крајот ќе бидам премиер, но нема да и кажувам на таа банда како. Ќе бидам кандидат на изборите, како што можев да бидам и на европските избори. Јас нема да си дадам мандат. Што е тука спорот, неписмени гангстери“, праша тој.
Собирот на ХДЗ во Лисински го нарече бал на вампирите. Тој рече дека во првите редови имало двајца ректори на државните универзитети.
„Со гангстерите ќе се справиме по изборите“ рече тој.
Регион
Уставниот суд на Хрватска одлучи, Милановиќ не може да се кандидира за функцијата
Хрватскиот Уставен суд одлучи Зоран Милановиќ дека не може да биде на списокот за парламентарните избори.
Актуелниот претседател не може да биде кандидат за премиер.
Во членот 96 од Уставот е предвидено дека претседателот на Републиката не може да врши други јавни или професионални должности. Претседателот на Републиката е непартиско лице и при вршењето на оваа должност не смее да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија, што исклучува секаква можност претседателот на Републиката, во контекст на распишаните парламентарни избори, да биде кандидат на листата за избор на претставници или предложен за кандидат за функцијата претседател на Владата на Република Хрватска и во тоа својство да учествува во политичката изборна кампања.
Регион
Почина композиторoт Тиме Петров од Македонија кој живееше и твореше во Србија
Познатиот композитор, Тиме Петров, почина на 76-годишна возраст по кратко боледување, а само 20 дена по смртта на неговата сопруга.
Инаку, Тиме беше еден од авторите на големите хитови на српската музика. Соработуваше со Маја Маријана, Зорица Брунцлик, Зоран Калезиќ, Лепа Лукиќ и многу други пејачи, а долги години свиреше и со Шабан Шаулиќ, пренесе српскиот веник „Блиц“.
Петров починал во првата половина од месецот, а тажната вест денеска ја пренесоа повеќето српски медиуми.
Петров е роден во Македонија, а живееше и твореше во Белград.
Пејачката Маја Маријана своевремено кажа колкаво влијание имал Тиме Петров на патот на естрадните ѕвезди.
„Две години пеев, една вечер по препорака на пријател дојде да ме слушне познатиот композитор Тиме Петров. Се сеќавам дека пеев некои песни како демо за да им ги понудам на познати пејачи, но тие веднаш не покажаа интерес и сите тие песни ми беа дадени. Им благодарам за тоа. Моето вистинско име е Маријана Радовановиќ и е предолго за паметење, а бидејќи прекарот ми е Маја, композиторот предложи да ги споиме прекарот и вистинско име и така се роди Маја Маријана – пејачката во една прилика раскажа како нејзиниот музички пат го водел Тиме.
Инаку, Тиме Петров е автор на познатиот хит на Маја Маријана „Тој ми беше добар пријател“.