Регион
Во Србија поради студот прогласен црвен метеоаларм
Температурите во Србија во неделата се трет ден со ред длабоко под нулата, поради што на територијата на целата држава е прогласен црвен метеоаларм, а во околината на Сјеница и на Пештерската висорамнина со снежните намети високи и од четири метри блокирани се повеќе од сто села, со околу 10.000 жители.
Најкритична е состојбата на југот од Србија, а вонредната состојба е прогласена во општините Медвеџа, Сјеница, Алексинац и Блаце, од кои припадниците на Секторот за вонредни ситуации при МВР на Србија досега евакуирале најмалку 113 луѓе.
Во Сјеница во неделата утрото биле измерени минус 27 Целзиусови степени, во Лесковац -25, на Копаоник -24, во Куршумлија -23, а во Белград -14 степени, а за посилно чувство на студот придонесува повремениот ветер.
Началникот на Управата за управување со кризи на Секторот за вонредни ситуации, Живко Бабовиќ, за српските медиуми изјави дека се проодни сите сообраќајници од прв и втор приоритет, но проблемот е ај локалните патишта од третиот и четврт приоритет кои водат кон селата во Нишавскиот, Зајечарсиот, Пчињскиот и Сјеничкиот округ.
Особено е опасен мразот на коловозите под снежните наноси, па на возачите им се препорачува дополнителна внимателност.
Од јавното претпријатие „Патишта на Србија“ повторни апелираа да не се тргнува на пат без итна потреба, а хидрометеоролозите изразено студени денови најавуваат до среда со утрински температури од -18 до -10 степени, а во планинските области и до -25 Целзиусови степени.
На патиштата и граничните премини во соседна Србија се создаваат гужви поради завршувањето на новогодишните и божикните празници, па на премините кон Хрватска се чека по околу три часа, а кон Унгарија два часа, додека од српскиот авто-мото сојуз не објавија за застој на границата кон Македонија./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.