Регион
Во Србија се размислува за воведување социјално корисна работа за оние што не ги почитуваат мерките
Во Србија се разгледува социјално корисна работа за оние што ги кршат мерките, изјави д-р Предраг Кон по седницата на кризниот штаб.
Од утре, вели тој, режимот ќе биде ист како и за викендот. Нема да работи ништо, освен продавниците за храна, аптеките и бензинските пумпи. Сè друго ќе биде затворено до недела.
„Ова е компромис бидејќи медицинскиот дел смета дека тоа не е доволно“, рече тој.
Кон нагласи дека ефектите од овие мерки нема да се видат за пет дена.
„Проблемот не е разбран, не е сфатено дека ова е најголемата пандемија и дека смртоносна е во рамките на еден сектор од општеството, здравството, кое е преоптеретено и мора да добие поддршка од општеството“, истакна д-р Кон.
Тој предупреди дека доминантен е британскиот вид вирус, кој сè повеќе ги зафаќа помладите генерации. Според него, казните за кршење на мерките се недоволни и треба да се засилат, во смисла дека сите што ги прекршиле, мора да бидат тестирани на коронавирус.
Овие ќе бидат нови мерки, сигурно, рече Кон, додавајќи дека една од опциите е принудна работа. Ова се помлади луѓе и може, како што објаснува, да носат шишиња со кислород во болниците, кои се тешки.
„Ова го велам не за да ги исплашам, туку за да ги одвратам од кршење на мерките“, заклучи Кон.
По седницата на кризниот штаб, премиерката Брнабиќ рече дека сегашниот режим на живот престанува вечерва на полноќ. Како што објасни таа, тоа ќе трае до понеделник, а се очекува нов пресек на ситуацијата за викендот, кога ќе се одлучи дали ригорозните мерки ќе продолжат.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка
Родителите се тие кои имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира брзо, изјави за Телеграф.рс Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција.
Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока, бидејќи ја чешла секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини, бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.
– Би можело да биде се, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата, вели Ницовиќ за српски Телеграф.
Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четврти ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.
Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија пристигна тешка механизација која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.