Регион
Во Хрватска 223 новозаразени со Ковид-19
Во последните 24 часа во Хрватска се регистрирани 223 нови случаи на инфекција со Ковид-19, а бројот на активни случаи е 1226. Меѓу нив, 273 пациенти се во болница, од кои 22 се на апарати за дишење.
Починале пет лица.
Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се регистрирани вкупно 15.795 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 266 починале. Вкупно закрепнале 14.303 лица, од кои 192 во последните 24 часа.
Во моментов има 8898 лица во самоизолација.
До денес се тестирани вкупно 284.449 лица, од кои 5.414 во последните 24 часа.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Атина во густ облак од прашина и песок од Сахара
Главниот град на Грција, Атина, се најде во облак од прашина и песок од пустината Сахара и Северна Африка, феномен кој е проследен со особено високи температури.
Воздухот во градот треба да се подобри од утре наутро, велат метеоролозите.
„Во пролетта, март-април, циклоните, кои се движат кон исток по северноафриканскиот брег, носат прашина кон источниот Медитеран. Типична песочна бура со домет од 200 километри носи од 20 до 30 милиони тони прашина, понекогаш и до 100 милиони, објаснува директорот на грчката метеоролошка служба Теодорос Колидас.
Главниот град често се наоѓа на патот на тие песочни бури, но оваа година беше проследен со особено високи температури, поради што е речиси невозможно да се дише.
Во центарот на Атина на 27 март беа забележани 25,3 степени Целзиусови, што е рекорд од март 2009 година, а на Крит температурите достигнаа и до 32 степени, истакнаа грчките метеоролошки служби.
Сојузот на пулмолозите на Грција препорача најранливите групи на населението, особено луѓето кои страдаат од астма, да избегнуваат „непотребни движења и спортови на отворено кога концентрациите на прашина се највисоки“.
„Африканската прашина носи честички кои можат да се интегрираат со полен, бактерии и габи, создавајќи многу токсична и опасна смеса за човечкото тело, а особено за респираторниот систем“, предупредува здружението.
Регион
Родителите на двегодишната Данка во полиција во Бор: мајката одбила полиграф
Родителите на исчезнатата двегодишна Данка Илиќ се донесени во полициската станица во Бор, објави „Телеграф.рс“.
Тие не се осомничени, но со нив се врши информативен разговор.
Ивана и Милош вчера дадоа исказ во присуство на Центарот за социјална работа.
Како што објави српски „Телеграф“, мајката го одбила полиграфскиот тест бидејќи е бремена.
„Девојчето Данка Илиќ сè уште не е пронајдено. Апелираме до сите луѓе да не објавуваат информации што не се проверени. Со тоа се нарушува и се загрозува истрагата, во која е инволвиран и Одделот за криминалистичка полиција“, изјавиле за „Телеграф.рс“ од српската полиција.
Регион
Дачиќ: Србија не е експериментално тело па на неа постојано да се крши меѓународното право
Министерот за надворешни работи и претседател на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ денеска изјави дека е срамно што Комитетот за политички прашања на Советот на Европа (СЕ) ја прифати препораката дека Косово ќе биде примено во Советот на Европа, и дека е спротивно на сите принципи на кои почива таа организација и посочи дека Србија не е „експериментално тело“ па на неа постојано да се крши меѓународното право.
„Првпат се препорачува членство на територија која не е меѓународно признаена, која не е членка на ОН. За да се постигне тоа се обидуваат да најдат оправдување и да кажат дека тоа не го прејудицира статусот, а потоа во втората реченица велат дека тогаш ставот на СЕ престанува да биде статусно неутрален“, рече Дачиќ.