Регион
Вучиќ: Ако нè остават на мир, може да се договориме со Албанците
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска нагласи дека прашањето за Косово и Метохија мора да го решат Србите и Албанците и дека најверојатно досега ќе имало договор доколку двете страни биле оставени самите да решаваат.
Вучиќ, кој гостуваше во утринската програма на РТС, ја коментираше изјавата на поранешниот шеф на ЦИА за Балканот, Стивен Мајер, кој рече дека Србите и Албанците треба да се договорат како најдобро знаат и умеат.
„Ако нè оставеа сами, најверојатно ќе се договоревме. Сепак, Косово, исто како и Југославија, не е само прашање актуелно за луѓето што живеат на таа територија“, рече српскиот претседател, додавајќи дека ова прашање Србите и Албанците треба да го преземат во свои раце, пренесува „Блиц“.
Тој вели дека едно е прашањето дали ЕУ ќе ја прими Србија за што, како што рече, нешто повеќе ќе се дознае за време на претстојната посета на францускиот претседател Емануел Макрон, а друго прашање е што српската политика може да направи директно за државата.
Вучиќ негира дека во моментов на маса има предлог за демаркација на границата, додавајќи дека на проблемот воопшто не му се пристапува на таков начин.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.