Регион
Вучиќ: Во вторник ќе го претставиме нашето најмоќно оружје
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, синоќа, по завршувањето на воената вежба на Војската на Србија „Огнен штит 2022“, на која за првпат беше прикажано делувањето на противтенковските ракети Корнет, изјави дека армијата на земјата сега е многу посилна.
Истовремено, тој најави набавка на борбени беспилотни летала „Бајрактар“ од Турција, пренесува „Танјуг“.
„Во разговор пред два дена го прашав турскиот претседател Ердоган за ‘Бајрактари’ и добив ветување дека ќе можеме да ги купиме преку ред и да ги вклучиме во вооружувањето на српската армија“, рече Вучиќ.
Сепак, српскиот председател нагласи дека армијата ќе мора и натаму да ги зајакнува своите хеликоптерски единици и флотата на беспилотни летала – дронови.
Според него, српската армија располага со беспилотни летала Врабац, како и CH92 со помала разорна моќ, но ќе мора да се набават и летала CH95 со поголема разорна моќ.
Тој најави и дека во вторник или среда ќе биде претставено новото оружје, кое ќе биде најмоќното оружје што Србија го имала досега.
„Во вторник или среда, добредојдени сте да ја видите гордоста на српската армија“, рече Вучиќ, одбивајќи да каже за кое оружје станува збор.
На прашањето како го коментира тоа што француските медиуми објавија дека Србија е заинтересирана да купи 12 нови борбени авиони од типот Рафале, Вучиќ рече дека за нив преговарал една година.
„Веќе една година преговараме за купување на 12 нови авиони, а со друга земја преговараме за купување на 12 половни авиони од тој тип“, посочи српскиот претседател.
Тој додаде дека се разговара и за трета варијанта, таканаречената комбинирана авијација со ловци и бомбардери и дека во тоа се вклучени три земји, но дека се појавуваат и нови заинтересирани земји, па конкуренцијата е голема.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.