Регион
Вучиќ: Наскоро ќе почнеме преговори за договор за гас со Русија
Преговорите меѓу Белград и Москва за нов долгорочен договор за гас ќе почнат во наредните денови, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ за новинарите во Берлин по средбата со германската министерка за надворешни работи Анален Баербок.
„Каква диверзификација е ова, само за две години ќе го добиеме завршениот интерконектор, можност од некаде да се испорача нешто во Србија, но прашање е што ќе се испорача, ние од наша страна градиме бугарски интерконектор, ќе бидат потребни најмалку 300 дена да се изгради“, се наведува во обраќањето што го пренесе агенцијата „Танјуг“.
Претходно Вучиќ изјави дека економијата на Србија е целосно зависна од рускиот гас, поради што Белград се надева дека ќе добие добра цена на претстојните преговори за гасот со Москва.
Тој исто така нагласи дека Белград нема алтернатива за природниот гас од Русија. Со оглед на тоа што долгорочниот договор за набавка на руски јаглеводороди истече на 31 мај 2022 година, Србија сакаше да потпише нов долгорочен договор, рече Вучиќ, пренесе Индекс.хр.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.