Европа
Вучиќ: Ни претстојат клучни шест месеци, некои земји ќе бидат уништени
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, престојува во Њујорк по повод 77. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, каде што ќе говори в среда.
Вучиќ вели дека е време на големи тензии и геополитички промени, а доаѓањето во Њујорк е важно и поради контактите кои се остварени таму, пренесуваат српските медиуми.
Тој кажал за што ќе зборува и уште еднаш драматично проговорил за зимата што претстои.
„Ќе зборувам за непочитување на меѓународното јавно право во случајот со Србија. Наша работа е да работиме за нашата земја, а не за некој друг. Јас сум горд на тоа, така сме работеле секогаш. Го зачувавме духот на слободата и независноста на нашата земја.
Мислам дека не разбираме доволно што се случува и што ни претстои. Пред нас се шест клучни месеци во кои се прават разлики. Во кои ќе бидат оние кои едвај преживеале, со мали шанси за успешен напредок во иднина, оние кои преживеале, но ослабеле, и оние кои ги преживеале ударите, но излегле како најголеми од сите.
Ова ќе ја направи клучната разлика меѓу Германија и остатокот од Европа, без оглед на сите проблеми со кои се соочуваат. Можат да фрлаат пари, зборувам фигуративно, се разбира“, кажал тој и додал дека многу мали држави во Европа ќе бидат уништени, пренесуваат српските медиуми.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
Писториус: Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за војната во Украина
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус тврди дека Русија произведува повеќе оружје отколку што и е потребно за да ја продолжи својата специјална воена операција во Украина.
Во интервју за телевизијата „АРД“, тој беше прашан дали го дели стравот на балтичките земји дека Русија ќе може да ја нападне територијата на НАТО за неколку години, тој одговори дека нема кристална топка за да ја предвиди иднината, пренесе ТАСС.
„Но, она што го велат воените експерти и специјалистите за оружје е дека Русија го зголемува производството на оружје“, рече тој.
Писториус истакна дека поголемиот дел од произведеното не се испраќа на фронт, туку оди во магацини. Според германскиот министер за одбрана, во случај на ескалација ќе биде вклучено целото НАТО.
„Во тој случај треба да можеме да се одбраниме, да водиме војна која ќе ни биде наметната. Затоа не штедиме напори за соодветно опремување на вооружените сили во Европа, во НАТО“, додаде тој.
Европа
Повеќе од сто килограми кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија
Вработени во неколку германски супермаркети во Берлин и Бранденбург откриле повеќе од 100 килограми кокаин во пакувања со банани, пренесува „Билд“ повикувајќи се на полициски извори.
Во Бранденбург, како што се наведува, во најмалку четири продавници биле пронајдени меѓу 20 и 100 килограми кокаин, пренесува „Танјуг“.
Полицијата во моментот спроведува истрага со проверка на стоката во продавниците поради што сѐ уште не се знае конечната количина дрога во нив, но не и информацијата во колку продавници има.
Европа
Шпанскиот премиер размислува да се повлече од функцијата, отворена истрага против неговата сопруга
Шпанскиот премиер Педро Санчез денеска објави дека се повлекува од јавните должности затоа што мора „да застане и да размисли“ дали ќе продолжи да биде шеф на владата откако судот во Мадрид отвори прелиминарна истрага против неговата сопруга за корупција и трговско влијание.
„Итно ми треба одговор на прашањето дали вреди, дали да продолжам да ја водам владата или да се откажам од оваа чест“, објави тој преку социјалната мрежа „Икс“.
Синдикатот Манос Лимпијас (Чисти раце) ја пријавил неговата сопруга Бегона Гомез дека им помагала на претприемачите на јавни тендери и го искористила тоа. Судот претходно денеска соопшти дека отворил истрага, без да даде детали.
Министрите од левичарската влада на Санчез оценија дека се работи за лажен извештај и дека синдикатот што го доставил е близок до екстремната десница.