Регион
Вучиќ со обраќање до Тачи: Вразуми се, ти зависиш од нас
„Ти Хашиме, зависиш од нас. Тоа нема да оди така, те молам да разговараш со мене, а не ти да кажуваш што сакаш, а што не сакаш“, рече денеска српскиот претседател, Александар Вучиќ, на заедничкиот состанок во рамките на процесот Брдо – Бриони во Тирана обраќајќи му се на претседателот на Косово, Хашим Тачи.
Како што пренесуваат српските медиуми, Тачи, синоќа во пресрет на самитот со албанскиот премиер, Еди Рама, кој е домаќин на регионалната средба, разговарал за обединување на Албанците, целосно отворање на границата меѓу Албанија и Косово, како и спојување на Прешевската Долина на југот од централана Србија.
На пленарната средба во Тирана, на која присуствуваат лидерите на земјите од Западен Балкан, но и високата претставничка на ЕУ и посредник во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Федерика Могерини, Вучиќ изјави дека доста му е да слуша што сака Хашим.
„Никогаш не сум зборувал за модели за решавање, а доста ми е да слушам за тоа што Хашим сака или не сака. Ти Хашиме, зависиш од нас. Тоа нема да оди така, те молам да разговараш со мене, а не ти да кажуваш што сакаш, а што не сакаш. Сакаш ли јас да ти кажам што не сакам“, праша Вучиќ, додавајќи:
„Која Америка ќе те турне во меѓународните институции? Се обиде со Колинда (Грабар-Китаровиќ), Борут (Пахор), не успеа. Дали сам го смисли тоа или некој ти помага? Никогаш не сум зборувал за решенија, туку за постигнување договор. Ако тоа може да се случи, супер, ако не, ќе преживееме“.
Вучиќ додаде оти се надева дека во целата ситуација ќе преовладува разумот.
„Те молам, не споменувај ја Република Српска без никаква потреба, знам зошто го кажуваш ова бидејќи Американците не ја сакаат РС. Можам да кажам дека нема да ви дозволам да формирате РС во Србија, а тоа е Косово. Истуркав многу тешки решенија, ве молам да се вразумите. Замисли јас да зборувам за она за што ти и Рама се состанавте вчера? Или Колинда денес? За обединување. Само малку запрете, сфаќам сè, но запрете. Ако дојдеме до решение – одлично, ако не, веројатно ќе имаме мудрост да го зачуваме мирот“, истакна Вучиќ.
Во пресрет на самитот, Вучиќ утрово зборуваше со претседавачот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик, и црногорскиот премиер Мило Ѓукановиќ, за актуелната ситуација во регионот.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.