Регион
Вучиќ ѝ се заблагодари на Русија за помошта во борбата против коронавирусот
Говорејќи на дебатата на Генералното собрание на ООН, српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ се заблагодари на Русија за помошта во борбата со пандемија на коронавирус во земјата, пренесува ТАСС.
„Морам да им искажам голема благодарност на нашите европски партнери, на нашите кинески пријатели, како и на нашите руски пријатели“, рече српскиот претседател.
Тој, исто така, изрази благодарност до Светската здравствена организација, додавајќи дека Србија им пружила помош и на другите земји. Српскиот претседател рече дека неговата земја е горда на своите посебни односи со Кина и Русија.
„Полноправното членство во ЕУ е надворешнополитички приоритет на Република Србија. Сепак, нашиот европски пат не ја исклучува посветеноста кон развој на соработката и продлабочување на односите со земјите од сите региони“, рече српскиот лидер.
„Ние ги цениме партнерските односи со западните земји, пред сè поинтензивната соработка со САД, но во исто време сме горди на исклучителни односи со Руската Федерација и со Народна Република Кина. И, како што можете да видите, не го криеме тоа, ние сме многу горди на нашите пријателства“, додаде тој.
Србија побара помош од Русија во борбата со Ковид-19 претходно годинава. На 3-4 април во Србија пристигнаа 87 руски војници, вклучително и воени медицински лица, виролози, специјалисти за радијациска, хемиска и биолошка заштита, како и специјална медицинска опрема, заштитни средства и шеснаесет воени возила.
Помеѓу 3 април и 18 мај, руските единици спроведоа целосни санитарни мерки во социјалните установи во повеќе од 40 српски места. Дезинфицирани беа повеќе од 376 згради со вкупна површина од 1,685 милиони квадратни метри и околу 500 километри автопати и патишта. Осум медицински тимови испитуваа и лекуваа 881 пациент со коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Завршено вештачењето на мобилниот телефон на мајката на Данка, биле бришени пораки и повици, објавија српските медиуми
Мобилниот телефон на мајката на Данка Илиќ бил испратен на вештачење по исчезнувањето на девојчето. Неофицијалните податоци говорат дека мајката избришала многу пораки и повици ден пред и на денот на исчезнувањето на Данка, објави српски „Блиц“.
Според неофицијални сознанија од истрагата, вештачењето на мобилниот телефон на Ивана Илиќ покажало дека се избришани многу пораки и податоци за повици, пишува српски „Информер“.
„На ден пред исчезнувањето и на денот на исчезнувањето на Данка Илиќ многу пораки и повици се избришани од телефонот. Ова го утврдиле инспекторите за високотехнолошки криминал. Пораките и повиците може да се избришат од телефонот, но да останат во базата на податоци“, рекол изворот.
Како што се дознава, пред исчезнувањето на Данка Илиќ мајката трипати го фотографирала детето од разни агли.
Да потсетиме, мајката на Данка Илиќ, Ивана, денеска повторно е во полициската станица во Бор, каде што е на распит за околностите на својата исчезната ќерка. Таткото помина на полиграфското тестирање.
Регион
„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка
Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два часа. Познато е дека кога ќе исчезне дете, веднаш се пријавува за да се реагира бргу, изјави Марко Ницовиќ, поранешен началник на белградската полиција, за „Телеграф.рс“.
Според Ницовиќ, полицијата оди во добра насока бидејќи ја проверува секоја педа од земјата, но се надеваат и дека темелно се проверуваат граничните премини бидејќи не ја исклучуваат можноста за киднапирање.
„Би можело да биде сè, не е исклучена никаква можност. Ако мајката рече дека го оставила девојчето на минута, го поставуваме прашањето каде би можело да оди двегодишното дете? Колку далеку, без мајка му да го најде? Второ, зошто чекаа два часа? Има простор и за киднапирање, а знаеме дека границата е блиску, но и за многу повеќе. Отворени се многу прашања и останува да се почека истражните органи да си ја завршат работата“, вели Ницовиќ за српски „Телеграф“.
Да потсетиме, потрагата по двегодишната Данка Илиќ влезе во четвртиот ден. Во потрагата од утрово се вклучени уште 18 пожарникари и кучето Зиги.
Багери вчера цел ден копаа и вадеа ѓубре и шут од куќата, а пред куќата каде што последен пат беше видена исчезнатата Данка по која трага цела Србија, пристигна тешка механизација, која ќе продолжи да работи денес за да се расчисти теренот.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти ЕМСЦ.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километра од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12.37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала по што следеа афтершокови.