Регион
Вјоса Османи: На Србија не ѝ е местото меѓу европските народи
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, на самитот на европската политичка заедница што се одржува во Кишинев, изјави за „Данас“ дека Србија и криминалните структури се одговорни за ескалацијата на насилството на Косово и дека на Србија не ѝ е местото на овој европски самит, ниту во европската заедница на народите.
„Србија не припаѓа на европската заедница“, рече Османи и додаде дека членовите на криминалните структури на северот на Косово се под меѓународна потерница и дека српските власти се во многу блиски односи со нив.
Пред Османи на црвениот тепих кај претседателката на Молдавија, Маја Санда, свечен пречек имаше и претседателот на Србија, Александар Вучиќ, кој на новинарско прашање дали ќе се сретне со некој од косовските функционери рече дека не знае кој е таму од Косово.
„Отсекогаш сум бил лидер што се залага за мир и правиме многу за да ги зачуваме мирот и стабилноста во регионот“, изјави Вучиќ за новинарите во замокот „Мими“ во близина на Кишинев.
По пристигнувањето на самитот, тој рече дека средбите со францускиот претседател и со германскиот канцелар, Емануел Макрон и Олаф Шолц, нема да бидат лесни, но дека се важни и дека ќе се обиде да ги врати работите во нормала, ситуацијата во Косово да не деескалира, како и да се зачува мирот и стабилноста.
„За танго се потребни двајца, не зависи сè од нас“, изјави претседателот на Србија. Вучиќ изјави дека утринава разговарал и со Србите од северот на Косово и дека ги моли да бидат „решени да истраат на правото и правдата“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Потрагата по Данка Илиќ продолжува трет ден, се проверуваат телефоните на родителите
И покрај прекинатата теренска потрага по Данка во Бањско Поле и околината, полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето
Потрагата по исчезнатото двегодишно девојче Данка Илиќ од Бањско Поље, кај Бор, продолжува трет ден, а полицијата ќе ги проверува базните станици и ќе ги прегледа мобилните телефони на родителите, за да потврди со кого биле во контакт во периодот кога девојчето исчезнало.
Продолжувањето на потрагата ќе се изврши оперативно, откако е утврдено дека девојчето не е на 10 квадратни километри од местото на исчезнувањето.
Полицијата ќе ги испрашува и луѓето кои биле во близина непосредно пред или по исчезнувањето на девојчето, со цел да се утврдат детали кои можеби биле пропуштени во текот на истрагата која е во тек.
Исчезнувањето на двегодишното девојче за првпат го активира системот „Најди ме“ во Србија кој е наменет за итно известување на јавноста во случај на исчезнување на малолетно лице.,
Данка Илиќ (2) има кафеава коса, кафеави очи и е висока околу 85 сантиметри. На денот на исчезнувањето носела виолетови панталони и јакна во маслинесто зелена боја.
Регион
„Се плашам дека е киднапирана“, рече дедото на исчезнатото девојче Данка
Дедото на исчезнатото девојче Данка Илиќ (2), кое пред повеќе од 27 часа беше изгубено во приградската населба Бањско поле во околината на Бор, за телевизија Блиц изјави дека „низ главата му поминува можноста детето да е киднапирано“.
„Се уште се надевам дека е жива, но неверојатно е никој да не може да ја најде меѓу толку луѓе. Само една опција ми паѓа на ум, дека е киднапирана. Но, не можам да тврдам. Жандармерија, дронови, хеликоптери, цела Србија беше тука и сите ја бараа. Луѓето беа на еден метар еден од друг и никој не може да ја најде“, изјави Милан Илиќ.
Тој рече и дека го плаши фактот што бугарската граница е блиску.
„До бугарската граница преку новиот пат се стигнува за 45 минути, најмногу еден час. Не е точно дека се потребни пет часа, како што кажа некој утринава на телевизија. Кладово е веќе многу подалеку, оддалечено е 150 километри, но Бугарија е многу блиску“, рече тој.
Регион
Полицијата го прекина пребарувањето на теренот: „Јасно е дека Данка не е на ова подрачје“
Припадниците на српската полиција по 27 часа детално пребарување на теренот во потрага по двегодишната Данка Илиќ во приградската населба Бањско Поље и Брестовачка бања, ги прекинаа понатамошните претреси, со оглед дека сите досегашни резултати укажуваат дека девојчето не е на овој простор од околу 10 квадратни километри, пренесува српски Телеграф.
Полицијата продолжува со интензивна оперативна работа за утврдување на сите факти и околности поврзани со исчезнувањето на детето, за што јавноста ќе биде навремено информирана, соопшти полицијата.
Според неофицијални информации на порталот Нова.рс, српската полиција има индиции кои ја одвеле истрагата надвор од местото на исчезнувањето на девојчето, а кон тие траги се упатени полициските единици.