Регион
Голем дел од Црногорците се заразиле со коронавирус на погреби
Точно еден месец откако беше потврден првиот случај на коронавирус во Црна Гора, здравствените власти на таа земја регистрирале 303 случаи на ковид-19, а пет лица починале, соопшти црногорскиот институт за јавно здравје, од каде ваквите бројки ги оценија како добри.
„Добрите резултати беа потпомогнати од тоа што властите воведоа ригорозни мерки уште пред да се појави првиот случај“, изјави Сенад Бегиќ, водечки епидемиолог во црногорскиот институт за јавно здравје, за Би-Би-Си на српски јазик, истакнувајќи дека црногорскиот начин борба против вирусот е специфичен заради малата популација и културните особености.
„Црногорците сакаат многу да слават и да жалат – ние идентификувавме најмалку три или четири погреби кои биле епидемиолошки клучни настани за ширење на инфекцијата кога мерките сè уште не биле прогласени“, рече Бегиќ за Би-Би-Си.
Тој рече дека погребите и семејните собири се главните начини на ширење на инфекцијата во Црна Гора и дека проблемот со кој црногорските епидемиолози се соочиле на почетокот на епидемијата е социјална осуда на заразените.
„Сите меѓусебно се познаваат затоа што општеството не е големо, но се справивме и со проблемот на стигматизација на неколкуте први случаи“, рече Бегиќ.
Црна Гора беше последна во Европа што го забележа првиот случај на инфекција со коронавирус на 17 март, а речиси една недела претходно, црногорската влада ги донесе првите мерки за заштита на населението од епидемијата: забрани јавни собири, ја прекина наставата во сите образовни институции, затворени беа угостителските објекти. додека повеќето вработени беа испратени на работа од дома. Сето ова резултираше, според Бегиќ, со добриот одговор на црногорскиот систем на пандемијата на коронавирус.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Милорад Додик: Република Српска е под постојани санкции предводени од САД
Република Српска е под постојани санкции предводени од САД, изјави на Меѓународниот состанок на високите претставници задолжени за безбедносни прашања во Санкт Петербург, претседателот на Српска Милорад Додик.
Во својот говор Додик укажа на глобалниот проблем поради политички мотивирани санкции.
„Република Српска е директно изложена на овој вид ризик и е под постојани санкции предводени од САД. Ние правиме се што можеме за да ја заштитиме “, рече Додик, кој беше првиот што зборуваше на Состанокот за безбедност како дел од првата пленарна сесија „Обезбедување информациска безбедност во услови на формирање на полицентричен светски поредок: предизвици и можности“.
Регион
Девојка што исчезна во март во Србија е пронајдена
Тијана Симиќ, која била пријавена за исчезната на 13 март оваа година, и последен пат била видена на Карабурма во Белград, е пронајдена повеќе од еден месец од нејзиното исчезнување.
Засега не се познати детали, а среќните вести ги објави нејзината сестра на „Твитер“.
„Тијана ја пронајдовме, ви благодарам на сите за помошта“, напиша таа.
Tijanu smo pronašli, hvala puno svima na pomoći ♥️
— fifo (@sofoklee) April 24, 2024
Семејството на Тијана молеше за помош или било каква информација за неа, и после повеќе од еден месец е пронајдена.
Регион
Во БиХ уапсени 14 шверцери, превезувале мигранти во Хрватска, заработиле 3 милиони евра
Припадниците на Граничната полиција на Босна и Херцеговина уапсија 14 лица под сомнение дека организирале мрежа на криумчари на илегални мигранти преку границата со Хрватска. Акцијата под кодното име „Пирамида“ координирана од Обвинителството на БиХ беше спроведена на 16 различни локации низ земјата.
Како што беше утврдено во досегашната истрага, уапсените организирале илегално преминување на границата на најмалку 600 лица, од кои стотина се деца.
„Според прелиминарните податоци, оваа меѓународна организирана криминална група во изминатите шест месеци остварила финансиска корист од повеќе од шест милиони конвертибилни марки (три милиони евра)“, се вели во полициското соопштение.
Разбивањето на оваа мрежа на трговци со луѓе беше спроведено заедно со Управата за криминалистичка полиција на МВР на Република Хрватска и Европол и со учество на припадници на Агенцијата за разузнавање и безбедност на Босна и Херцеговина (ОСА).
Граничната полиција на БиХ наведува дека продолжува да презема мерки за спречување на шверцот на луѓе, особено против организираните криминални групи. Потсетуваат дека во првите три месеци од годинава полициски службеници и граничари до обвинителството поднеле 83 пријави против 177 лица поради постоење основи на сомнение дека сториле 110 кривични дела криумчарење луѓе.