Регион
Границата се отвори, Хрватите побрзаа на шопинг во Србија
„Бидејќи Србија ја отвори границата, Хрватите може да патуваат таму и назад без пречки и ограничувања, а Славонците почнаа да ја користат оваа можност и почнаа да купуваат основни продукти во поевтините српски продавници“, се вели во репортажата на хрватската телевизија РТЛ.
Хрватите може да патуваат во Србија под речиси исти услови како пред 12 март кога границата беше затворена. Во Србија влегуваат само со лична карта, без тест на Ковид-19, и што е најважно, без задолжителна изолација од 14 дена.
Најчесто се купува тутун, кој е поскап за третина во Хрватска.
Една кутија цигари од човек може да се донесе во Хрватска. Од алкохолни пијалаци може да се пренесе еден литар жесток алкохол и 16 литри пиво. Во исто време на хрватските граѓани им се советува да го прескокнат купувањето свежо месо, сувомесни производи и храна за домашни миленици затоа што тоа нема да може да го внесат во Хрватска.
Како што е наведено во извештајот, за 100 куни, или 1.500 динари, можете да купите четири големи пакувања кафе.
Жителката на Осијек, Снежана, вели дека во Србија оди за да купи лекови, сокови, сè што е поповолно во Србија.
„На едно одење може да се заштедат околу 300-400 куни (39-52 евра)“, вели таа.
„Исто така, нема застој при повторното влегување во Хрватска. Сè што ве чека на хрватската граница е СМС-порака со забелешка дека доколку се сомневате на инфекција, да се јавите го центарот 112, како и леток, што ќе ви го даде царински службеник, во кој пишува дека да ги намалите контактите со другите луѓе во наредните 14 дена. Нема самоизолација“, се заклучува во репортажата на РТЛ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме
Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем, Белград, Западна Србија, Поморавље и Шумадија, со цел да се предупреди за можна појава на грмежи.
Се очекува слаб до умерен дожд во областа Бачка.
Во Бачка во следните два часа на места ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Инаку, жолтиот метео аларм се „вклучува“ кога времето може да биде потенцијално опасно, поточно кога се предвидуваат опасни временски појави.
„Тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови“ велат од надлежните државни служби.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.