Регион
Грција воведува нови мерки што го ограничуваат движењето на невакцинираните лица
Од утре само вакцинираните лица ќе можат да влегуваат во затворени простории како што се театри, спортски сали и забавни простории. За оние кои не примиле вакцина нема да биде дозволен влез во затворениот дел на рестораните, кафулињата и затворените барови.
Министерот за развој и инвестиции Адонис Георгиадис рече дека влезот во затворени простории ќе биде одобрен со доказ за вакцинација. Тој додаде дека само на малолетниците ќе им биде дозволено да влегуваат во затворени простории со негативен тест за коронавирус.
Повтори дека оние кои не ги почитуваат мерките може да бидат казнети со парична казна – од 2.000 до 10.000 евра – но и со губење на лиценцата за работа.
Според новите мерки, само гостите кои седат ќе бидат послужени, а забранети се настани со стоење. Фестивалите на отворено се дозволени само ако гостите седат и се почитуваат правилата за социјално дистанцирање и дозволениот капацитет.
Грчката влада донесе одлука за воведување задолжителна вакцинација за здравствените работници и персоналот во домовите за стари лица, објави премиерот Киријакос Мицотакис.
Од 1 септември вакцинацијата ќе биде задолжителна за здравствените работници, а вработените во домовите за стари лица треба да се вакцинираат најдоцна до 16 август. Оние кои не се вакцинирани ќе бидат привремено суспендирани од работа, предупреди Мицотакис.
Работодавците во приватниот или јавниот сектор имаат право да прашаат дали вработениот е вакциниран.
Грците, исто така, планираат од вторник да вакцинираат млади луѓе на возраст од 15 до 17 години со вакцината „фајзер/бионтек“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.