Регион
Грчки министер: Ако мигрантите одбијат да се преселат во нов камп, ќе употребиме сила
Грчкиот министер за миграција, Нотис Митарачи, вели дека владата ќе употреби сила, доколку е потребно, за да ги пресели мигрантите во новиот камп на Лезбос, што тие го одбиваат.
Минатата недела избувна пожар во кампот „Морија“ на Лезбос, во кој беа сместени 12.000 мигранти.
Многу мигранти сега одбиваат да ги напуштат блиските патишта, каде што престојуваат една недела, пишува „Ројтерс“.
Митарачи рече дека ќе продолжат напорите за преместување на мигрантите на доброволна основа, со помош на владини преведувачи и памфлети што им се делат на барателите на азил.
„Ако ова не може да се постигне преку разговор, тогаш ќе треба да се користи полицијата. Нивна обврска е да се преселат на ново место“, рече тој за грчката телевизија „Мега“.
Сепак, илјадници мигранти одбиваат да се преселат во новиот објект што е наменет за нив барајќи да им биде дозволено да го напуштат грчкиот остров.
Досега се сместени околу 1.000 мигранти во привремениот камп „Кара Тепе“ со 5.000 легла.
На мигрантите им беше дадена храна и вода, како и тестови на корона, со кои е потврдено присуство на коронавирусот кај најмалку 25 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.