Контакт

Регион

Делегација предводена од бугарскиот в.д. вицепремиер Демерџиев ќе оддаде почит на гробот на Гоце Делчев во Скопје

Објавено пред

Официјална делегација од Република Бугарија, предводена од вицепремиерот за јавен ред и безбедност и министер за внатрешни работи Иван Демерџиев, утре ќе положи венец и ќе му оддаде почит на гробот на Гоце Делчев во Скопје, се наведува во ставот на бугарското Министерство за надворешни работи.

dobivaj vesti na viber

Поводот е прославата на 151-годишнината од раѓањето на револуционерот.

Во согласност со дипломатската практика, бугарската амбасада во Скопје официјално ги известила властите во Северна Македонија со три вербални ноти – една од 2 февруари и две од 3 февруари, посочуваат од тамошното МНР.

Министрите за внатрешни работи на Бугарија и на С. Македонија се во постојан контакт, како и амбасадата на Бугарија во Скопје со македонското МНР, соопштија од бугарското МНР.

„Очекуваме властите на Република Северна Македонија да обезбедат непречен пристап до црквата Св. Спас“, каде што е гробот на Гоце Делчев, и на официјалната бугарска делегација и на Бугарите од Бугарија и Северна Македонија кои сакаат да се поклонат“, додаваат од бугарското Министерството за надворешни работи.

Оттаму соопштија дека Иван Демерџиев и заменик министерот Венцислав Катинов ќе положат цвеќе во дворот на црквата Свети Спас во Скопје.

 

Регион

Нов земјотрес во Крагуевац, трет за еден ден

Објавено пред

Земјотрес со јачина од 2,5 степени според Рихтеровата скала вечерва го погоди Крагуевац, трет за еден ден.

dobivaj vesti na viber

Според веб-страницата на Републичкиот сеизмолошки завод, земјотресот се случил околу 18 часот и 15 минути.

Теоретскиот интензитет во епицентарот беше проценет на ниво III од Меркалиевата скала. Земјотреси со ваков интензитет не можат да предизвикаат штети на објекти во епицентралното подрачје, се вели во соопштението на Републичкиот сеизмолошки завод.

Во Крагуевац за три часа беа забележани два земјотреси. Првиот е измерен утрово, во 11 часот и 20 минути, со магнитуда од 3,4 степени, додека вториот во 14 часот и 29 минути, со нешто послаб интензитет, поточно 1,7 степени според Рихтеровата скала.

Прикажи повеќе...

Регион

Се пребаравме, но предалеку е за да отиде таму двегодишно дете, вели жител кој ја барал Данка

Објавено пред

Она што ја одбележа четиридневната потрага по малата Данка Илиќ (2) во Бор беше гостопримството на домаќините и пред се нивната подготвеност да помогнат на секаков начин. Бањско поле го „окупираа“ новинари, како и разни полициски и цивилни екипи ангажирани во спасувачките операции., пишуваат српските медиуми.

dobivaj vesti na viber

Сенката на сомнежот ги зафати сите во населбата и има многу теории.

-Вистината ќе излезе на виделина, не може да се сокрие. Ако некој е виновен нека одговори. Но, сега единствено е важно детето да се најде. Веднаш тргнавме на пат, ја пребаравме шумата, но сето тоа е предалеку за да отиде таму двегодишно дете. Па, сега го чистат местото, сто години се трупа таму – рече жител на Бањско Поље.

Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот во 13:45 часот кога нејзината мајка му давала вода на другото дете.

По девојчето 27 часа трагаа припадници на жандармеријата, полицијата, пожарникари, како и бројни мештани. По 27 часа полицијата го прекина пребарувањето на теренот во Бањско Поље.

Прикажи повеќе...

Регион

(Видео) Што се е извлечено од куќата: глетка од местото каде Данка исчезна по 4-тиот ден од потрагата

Објавено пред

По четири дена пребарување, не е пронајдена ниту една трага која би укажала каде може да биде девојчето.

dobivaj vesti na viber

Вчера цел ден три багери го расчистуваа земјиштето во и околу куќата, каде беа пронајдени дрвја, отпад, стари машини и ѓубре.

Спроти куќата има куп сено, грмушки, гранки, дрвја, големи канистри со вода, казан, голем лимен резервоар, земја, шут.

Машините кои вчера работеа цел ден, пожарникари и спасувачи ја напуштија куќата во Бањско поле, каде малата Данка беше пријавена за исчезната.

Приведен е полицаец од СВР Бор поради давање информации од истрагата за исчезнувањето на малата Данка Илиќ (2).

Данка Илиќ (2) исчезна во вторникот. По повеќе од 70 часа детално пребарување на теренот во Бањско поле, припадниците на МВР продолжуваат интензивно оперативно за пронаоѓање на девојчето Данка Илиќ (2) и утврдување на сите факти и околности за исчезнувањето на детето.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија11 часа

Нема докази дека уапсените за убиството на докторот се сторителите

Нема докази дека лицата кои беа приведени за убиството на докторот во Железара се сторителите. Од Обвинителството велат дека продолжуваат...

Регион14 часа

„Клучот е кај родителите, тие мора да одговорат на едно прашање“, вели поранешен шеф на белградската полиција за случајот со исчезнувањето на Данка

Родителите се тие што имаат многу да објаснат. Прво, зошто чекаа да го пријават исчезнувањето? Колку што знам, чекаа два...

Топ14 часа

Нападната и ограбена охриѓанка, со тешки повреди пренесена во болница

Вчера во 10.15 часот во СВР Охрид е пријавено дека, на улицата „Марко Несторовски“ во Охрид, едно лице физички ја...

Македонија15 часа

(Видео) Мицкоски: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ „Твоја Македонија“ застанува зад бранот промени за стабилна и силна Македонија

Денес потпишавме Повелба за стратешко коалицирање и утврдување на принципите на идна работа на Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ наречена „Твоја...

Топ16 часа

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево – три млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Утрово во 4.50 часот на улицата Магистрален пат во Кичево се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „пежо“ со кичевски...

Македонија17 часа

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Министерката за одбрана, Славјанка Петровска објави дека судот донел одлука со која се утврува дека пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки,...

Регион19 часа

Почна нова детаљна потрага по Данка, пристигнаа спасувачки екипи со куче

Две специјалистички спасувачки екипи од Белград и Нови Сад, Одделот за вонредни состојби на МВР на Србија, синоќа пристигнале во...

Регион19 часа

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Бугарија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот е регистриран во 8:38 часот...

Европа19 часа

Автобус повторно се преврте на автопат во Германија, патниците биле средношколци

Автобус со околу 60 патници се преврте вчера на автопатот А44 во западната германска покраина Северна Рајна Вестфалија, јавува дпа....

Свет20 часа

Израел ја нападна Сирија: „38 лица загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах“

Повеќе цивили и војници загинаа откако Израел и милитантните групи започнаа напади врз северниот сириски град Алепо, соопшти утрово сириското...

Европа20 часа

Лавров: Украинскиот план е бесмислен, вклучува повлекување на нашата армија од освоените територии

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека мировниот план предложен од Украина е бесмислен бидејќи се заснова на...

Македонија1 ден

ВМРО-ДПМНЕ ги утврди пратеничките листи за изборите: „Се работи за луѓе со кредибилитет, искусни и енергични“

Извршниот и Централниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ одржаа седница на која беа усвоени пратеничките листи на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за претстојните...

Македонија1 ден

Села оди во коалиција со Ахмети

На седница на Централното собрание на крилото на Алијансата за Албанците предводено од Зијадин Села, беше одлучено да коалицираат со...

Македонија1 ден

Македонија треба да и’ врати 2,2 милиони евра на Европската Комисија кои биле злоупотребени преку „Еразмус“

Европската канцеларија за борба против измами (ОЛАФ) бара Македонија да врати 2,2 милиони евра злоупотребени преку програмата „Еразмус+“. Директорот на...

Македонија1 ден

Вработените во „Еуроникел“, кои останаа без работа, ќе добијат можност да се вратат во фабриката, новите газди со производството почнуваат во јуни

Речиси 600 вработени во кавадаречката фабрика „Еуроникел индустри“ ќе добијат можност повторно да се вратат на работа во следните 90...

Македонија2 дена

Тошковски: Приведен е и трет осомничен во врска со убиството на лекарот во скопска Железара

Техничкиот министер за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска изјави дека е приведено уште едно лице во врска со убиството на...

Економија2 дена

Трендафилов најави неколку протести: Во вторник ќе ги охрабриме судиите да ја преиначат срамната пресуда за конфискација на Работничкиот дом

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, денеска, на прес-конференција, за 2 април најави протест, кој ќе почне пред седиштето на ССМ...

Топ2 дена

Го оградил државното земјиште зад Поликлиниката „Бит-пазар“ и наплаќал за приватен паркинг: кривична за скопјанец

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против А. Р. (62) од Скопје и против...

Македонија2 дена

(Видео) „ДПМНЕ и Тошковски ја загрозуваат безбедноста на граѓаните“, вели Талевски

„Два месеца откако ВМРО-ДПМНЕ го презеде раководењето со Министерството за внатрешни работи, безбедносната состојба во Прилеп никогаш не била полоша....

Економија2 дена

„Растот на платите со кои се фали Битиќи е лага, платите се стопија со порастот на трошоците на живот“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Уште една голема манипулација на СДСМ кои се во очај! Во отсуство на било какви економски резултати, Фатмир Битиќи на...