Регион
„Ди Велт“: Москва е насочена кон поранешните југословенски републики
„Путин веќе го нишани овој регон“, е насловот на написот во денешниот број на германскиот весник „Ди Велт“ во кој се зборува за можноста за проширување на руските активности во Босна и Херцеговина.
„Ди Велт“ пишува дека НАТО го вооружува своето југоисточно крило.
„Северноатлантската алијанса планира да стационира борбена група предводена од Франција во Романија оваа пролет. Околу 1.000 борбено подготвени војници треба да ја покажат одбранбената подготвеност на Западот – директна порака до Москва“, пишува берлинскиот дневен весник.
Во текстот се нагласува дека во стратегијата на Русија за враќање на доминацијата во изгубените сфери на влијание по Студената војна, одлучувачка улога има еден, досега запоставен регион.
„Москва е насочена кон поранешните југословенски републики преку Црното Море и поранешните членки на Варшавскиот пакт – Бугарија и Романија, кои често се отворено доминирани од проруски сили.
Весникот пишува дека ова е особено успешно во Србија, а го илустрира насловната страница на провладиниот весник „Информер“, утрото откако рускиот претседател Владимир Путин ја призна независноста на сепаратистичките области во источна Украина и испрати војници таму: „Американците го туркаат светот во хаос – Украина ја нападна Русија“. Во него се додава и дека српскиот претседател Вучиќ постојано нагласува дека „ако се прашува тој, неговата земја никогаш нема да стане членка на НАТО“.
Весникот понатаму наведува дека Романија и Бугарија не се неизбежно цел на Москва, туку „можна порта за регион во срцето на Европа што руското раководство сака да го искористи од западното влијание – Западен Балкан. ”
„Најдобар пример за ова е Босна и Херцеговина. Моќниот политичар од босанските Срби, Милорад Додик инсистира на отцепување на неговата Република Српска. Неговата политика делумно потсетува на „југословенските војни од 1990-тите, предводени од Белград, кои доведоа до брутална војна против босанските муслимани“, пишува Ди Велт, нагласувајќи дека најважниот сојузник на Додик е Путин, а ја има поддршката и од Србија, како и од унгарскиот премиер Виктор Орбан.
Весникот посочува дека на другата страна се Европската Унија и Соединетите Американски Држави кои ја воспоставија повоената структура на Босна и Херцеговина.
Експертот за безбедност Гресел, пишува германскиот весник, гледа паралели меѓу Белград и Москва. Тој вели дека ниту еден од нив не сака да прифати територијални загуби во 1990-тите и ја доведува во прашање независноста на државите наследнички. „За Москва, се подразбира дека Белград, поради својата историја и култура, има право на сфери на влијание врз колониите во нејзиното соседство“, рече Гресел, додавајќи дека истото право си го дава и Кремљ. „Во концептот на поредок, поранешна Југославија е мал постсоветски простор“.
Гресел, исто така, опишува сценарио во кое сепаратистичките сили во Република Српска ќе можат да се отцепат од својот дел од земјата. „Тогаш војниците на европската воена мисија ЕУФОР ќе мора да земат оружје“, пишува берлинскиот дневен весник „Ди Велт“.
Исто така, се додава дека Русија потоа ќе инсистира на сопствено воено присуство на теренот, со цел да ги заштити српските интереси. „Москва би можела да се обиде да стигне до Србија преку Црното Море и Бугарија“, предупредува „Ди велт“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.