Регион
Додека Договорот од Преспа не дојде во нашиот Парламент ние остануваме во Владата, порача Каменос
Грчкиот министер за одбрана и коалицискиот партнер на Алексис Ципрас, Панос Каменос, лидерот на Независни Грци, денеска од Солун, каде одржа говор пред членовите на Националниот совет на неговата партија, уште еднаш ги повтори партиските ставови.
Каменос потенцираше дека Независни Грци ќе ја напуштат Владата тогаш кога Договорот од Преспа ќе дојде во грчкиот Парламент.
„Нашата соработка со Владата, нашиот престој во Владата ќе биде се додека не дојде „нож до коска“, односно додека да дојде Договорот во грчкиот Парламент. Каде што чесно и јасно, како што имаме изјавено, ние ќе си заминеме“, изјави Панос Каменос.
Тој уште еднаш посочи и дека според него Преспанскиот договор е неприфатлив. Пред само неколку дена грчкиот министер за надворешни работи Никос Коѕијас си поднесе оставка од функцијата поради кавга токму со лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, поради договорот за името меѓу Македонија и Грција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Тинејџер загина во Будва, со Цитроен излетал од патот со двајца патници
Тинејџер Лазар Ф.(15) загина во неделата во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Будва кога автомобилот што го управувал излетал од патот.
Во незгодата се повредени две лица, од кои едното е полнолетно Ј.М., а другиот малолетник М.М.
Повредените веднаш биле префрлени во болницата во Котор.
Во полициското соопштение се наведува дека несреќата се случила во близина на стадионот, кај плажата Јаз и се додава дека возилото удрило во дрво.
Тинејџерот управувал автомобил „цитроен“ со будвански регистарски таблички.
Регион
Неписмени гангстери: реакција на Милановиќ по одлуката на Уставниот суд
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја коментираше одлуката на Уставниот суд за неговата кандидатура.
Медиумите во регионот потсетуваат на одлуката на Уставниот суд во која е заклучокот дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не може да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија додека ја извршува својата функција. Претседателот на Уставниот суд,Мирослав Шепаровиќ му забранил да биде на избирачкиот список и на кој било начин да учествува во изборната кампања додека е претседател.
„Тоа го направија на гангстерски начин. Тие не ми можат ништо, но јас им можам. Тоа се сељаци, неписмени. Писмен човек, барем тој што завршил автошкола, има проблем со тоа“, рече тој.
Зоран Милановиќ потоа на насобраните во Вела Лука им ја прочитал одлуката на Уставниот суд.
„Најверојатно хрватскиот го научиле во автомеханичарска работилница. Според овие неписмени гангстери, тоа е забрането, но не е“, рече тој.
„Ова мора да се реши на избори. На крајот ќе бидам премиер, но нема да и кажувам на таа банда како. Ќе бидам кандидат на изборите, како што можев да бидам и на европските избори. Јас нема да си дадам мандат. Што е тука спорот, неписмени гангстери“, праша тој.
Собирот на ХДЗ во Лисински го нарече бал на вампирите. Тој рече дека во првите редови имало двајца ректори на државните универзитети.
„Со гангстерите ќе се справиме по изборите“ рече тој.
Регион
Уставниот суд на Хрватска одлучи, Милановиќ не може да се кандидира за функцијата
Хрватскиот Уставен суд одлучи Зоран Милановиќ дека не може да биде на списокот за парламентарните избори.
Актуелниот претседател не може да биде кандидат за премиер.
Во членот 96 од Уставот е предвидено дека претседателот на Републиката не може да врши други јавни или професионални должности. Претседателот на Републиката е непартиско лице и при вршењето на оваа должност не смее да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија, што исклучува секаква можност претседателот на Републиката, во контекст на распишаните парламентарни избори, да биде кандидат на листата за избор на претставници или предложен за кандидат за функцијата претседател на Владата на Република Хрватска и во тоа својство да учествува во политичката изборна кампања.