Регион
Државјани на најмалку шест земји меѓу жртвите во Истанбул
Државјани на Саудиска Арабија, Мароко, Либан, Израел и Либија се меѓу жртвите во терористичкиот напад во ноќниот клуб во Истанбул во кој се убиени 39 луѓе, соопшти во неделата министерството за семејство и социјална политика, пренесува агенцијата Anadolu.
Во меѓувреме Јордан објави дека и тројца негови државјани се меѓу жртвите на атентатот изведен новогодишната ноќ во истанбулскиот клуб „Reina“.
„Има загинати од разни земји, Саудиска Арабија, Мароко, Либан, Либија и Израел“, потврдил за AFP министерот за семејна и социјална политика, Фатма Бетјул Сајан Каја.
Меѓу досега идентификуваната 21 жртва, 16 се странци, и пет државјани на Турција, изјави турскиот министер за внатрешни работи Сулејман Сојлу.
Според турскиот министер за здравство Реџеп Акдага, во болниците се хоспитализирани 65 луѓе, од кои четворица се во критична состојба.
По терористот кој бил снимен од надзорните камери костимиран како Дедо Мраз, уште се трага.
Напаѓачот со рафален оган од автоматско оружје прво пукал кон собраните пред клубот и во автомобилите кои минувале по улицата во истанбулскиот кварт Ортакој, а потоа влегол во клубот во кој имало меѓу 500 и 600 посетители. Некои од нив се спасувале со скок во Босфор.
За овој терористички чин уште никој ја нема преземено одговорноста. Во неделата, исто така, беше соопштено дека припадниците на антитерористичката единица во Анкара претходно во саботата уапсиле осум припадници на Исламската држава кои се осомничени дека планирале напади во текот на прославата на Новата година./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.