Регион
Европската комисија разгледува како да го поврзе Западен Балкан со ЕУ-иницијативите за коронавирусот
Европската комисија разгледува како да го поврзе Западен Балкан со иницијативите на ЕУ поврзани со коронавирусот. Европската комисија и Европскиот центар за спречување и контрола на болестите (ECDC) внимателно го следат развојот на коронавирусот на Западен Балкан, при што делегациите на ЕУ тесно соработуваат со надлежните органи.
„Пандемијата на коронавирусот е глобална криза без преседан, сериозна вонредна ситуација за јавното здравје на граѓаните, општествата и економиите. Десетици илјади луѓе се заразени, а илјадници умреле во Европската Унија. Бројот на заразени лица во Западен Балкан е во пораст“, рече портпаролката на Европската комисија, Ана Писонеро.
Тесната координација и соработката на регионално и на ниво на ЕУ се клучни фактори за реагирање на овој итен случај.
„Ние разгледуваме начини да го поврземе Западен Балкан со иницијативите што ги презема ЕУ и како најдобро да се даде поддршка за ублажување на социо-економските последици вклучувајќи ја и можноста за тоа како да се пренасочи финансирањето на ИПА-фондовите и флексибилноста со правилата за државна помош“, истакна Писонеро.
Во изјавата се вели дека во овие тешки времиња е потребна солидарност.
„Ова не е време за полемика или неосновани обвинувања. Европската Унија е главен донатор, инвеститор и трговски партнер на регионот на Западен Балкан. Од 2014 година секоја година ЕУ одобрува над една милијарда евра за поддршка на жителите на Западен Балкан“, се вели во соопштението на Европската комисија.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Повеќе од половина Србија обоена во жолто: Итно предупредување поради можно невреме
Жолта метеоролошка тревога е на сила на повеќе од половина од териториите во Србија и тоа во Бачка, Банат, Срем, Белград, Западна Србија, Поморавље и Шумадија, со цел да се предупреди за можна појава на грмежи.
Се очекува слаб до умерен дожд во областа Бачка.
Во Бачка во следните два часа на места ќе има врнежи од дожд со слаб до умерен интензитет.
Инаку, жолтиот метео аларм се „вклучува“ кога времето може да биде потенцијално опасно, поточно кога се предвидуваат опасни временски појави.
„Тие се со таков интензитет што можат да предизвикаат материјална штета и да бидат опасни за луѓето и животните. Треба да бидете многу внимателни, свесни за ризиците и редовно информирани за деталите за очекуваните метеоролошки услови“ велат од надлежните државни служби.
Регион
(Видео) Атина прекриена со сахарска прашина, нереални сцени во градот
Атина и јужните делови на земјата повторно беа обвиени со сахарска прашина, со нијанси на жолта и портокалова боја што создава нереална атмосфера во градот.
Облаци од прашина, пренесени преку Средоземното Море од Северна Африка, го обвиле Акропол и другите знаменитости на Атина, пишува „АП“.
Силните јужни ветрови носеа прашина од Сахара, па во последните часови од денот грчката престолнина изгледаше како да е користен филтер за фотографирање, пренесува Euronews.
🚨🇬🇷
HAPPENING NOW
The sky is totally orange over Athens, Greece
— Alex Barnicoat (@mrbarnicoat) April 23, 2024
Во среда се прогнозира разведрување на небото со поместување на ветровите и поместување на прашината и опаѓање на температурите.
Дневниот максимум во делови од јужниот остров Крит надмина 30 степени Целзиусови, повеќе од 20 степени Целзиусови над она што беше забележано во поголемиот дел од северна Грција.
Корисниците на социјалната мрежа Икс објавија видеа од необична „портокалова“ појава од територијата на цела Атина.
Веста за Атина во „портокалово“ многу брзо се прошири низ светските медиуми, а видеата ги споделија и профили на социјалните мрежи кои се занимаваат со глобални актуелни вести.
Регион
Убиен работник од Украина во Славонски Брод
Во центарот на Славонски Брод во попладневните часови е пронајдено машко тело.
Полициската управа Брод-Посавина соопшти дека е приведено едно лице поврзано со инцидентот.
Се работи за млад градежен работник од Украина. Конфликт се случил во стан во центарот на градот каде што биле сместени работниците (родени во 90-тите).
Полицијата соопшти дека телото на мажот е пронајдено во куќата околу 15:17 часот и дека се води истрага, а потоа и кривична истрага која треба да ги расветли сите околности.