Регион
Избегнат инцидент пред албанското МВР, министерот бил во зградата за време на протестот
Припадници на албанската опозиција на денешниот протест од пред владата во Тирана се упатија пред албанското МВР каде што побараа оставка на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај .
Демонстрантите на моменти фрлаа предмети кон големиот кордон на полицијата, по што дојде и до туркање . Кога можеше да се случи инцидент, пристигна лидерот на опозицијата Лулзим Баша и побара од демонстрантите нивно повлекување од пред зградата на МВР. Албанските медиуми јавија дека министерот Џафај бил во објектот на министерствтото и од таму го следел протестот на опозицијата .
Протестите завршија со говор на Баша пред седиштето на Демократската партија, каде ги повтори барањата на опозицијата за оставка на премиерот Еди Рама и оставка на министерот за внатрешни работи Фатмир Џафај. Тој уште еднаш рече дека главен виновник за стопирање на патот на Албанија кон ЕУ е владата на Рама за која истакна дека е корумпирана и спроведува криминални активности за лични цели. Баша истакна дека денеска протестирале „Албанците кои се за Европа“.
Опозицијата ги обвини органите на редот дека во одредени моменти вршеле насилство врз демонстрантите и соопшти дека бил претепан и му се нанесени тешки повреди на главниот утредник на весникот на опозицијата „Рилиндја Демократике“, Бледи Касми.
Албанскиот премиер Еди Рама, кој инаку денеска има средби во градови на јужна Албанија, на својот профил на социјалните мрежи оценува дека протесот на опозицијата потфрлил бидејки многу припадници на Демократската партија не учествувале на протесотот. Рама синоќа рече дека протестот на опозицијата е во насока на попречување на патот на Владата за да ги започне преговорите за членство во ЕУ.
Во престрет на демонстрациите, министерот Фатмир Џафај изјави дека тој би дал оставка ако се докаже автентичноста на аудио снимките кои ги објави опозицијата, а во кои наводно разговараат за шверц со дрога две лица од кои еден се претпоставува дека е неговиот брат Агрон Џафај. Во спротивно, тој рече, дека ќе бара остававка од функцијата претседател на ДПА на Лулзим Баша.
Албанските аналитичари оценуваат дека денешниот протест на опозицијата ги зголемил политилчките тензии во земјата, што секако не оди во прилог на започнување на преговорите на Тирана за членство во ЕУ.
К.М.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Братот на осомничениот за убиството на малата Данка починал од насилство, а не од природна смрт, пишуваат медиуми
Д.Д.(40), брат на еден од осомничените за исчезнувањето и смртта на двегодишното девојче Д.И., починал од насилна смрт на 7 април во раните утрински часови во полициската станица во Бор, констатирано е од стручното мислење на Институтот за судска медицина во Белград, објави Радар.
Во судско-медицинскиот извештај на телото на Д.Д биле констатирани бројни повреди, поради што вештаците констатирале дека се работи за насилна смрт. Наодите на вештачењето се проследени до надлежното Вишо јавно обвинителство Заечар за понатамошно постапување, пишува Радар.
Осомничениот Д.Д од Бор, во саботата на 6 април, во полициската станица во Бор бил задржан до 48 часа поради постоење основи на сомнение дека по извршеното кривично дело му помогнал на својот десетгодишен брат, кој е осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Истата вечер, три часа по полноќ, полицијата соопшти дека од „природна смрт“ починал Д.Д. Во соопштението на полицијата од 7 април, се наведува дека на осомничениот му се „слошило“ во раните утрински часови и дека „и покрај навремената реакција на полициските службеници и лекарите од Здравствениот дом во Бор, кои се обиделе да извршат реанимација, Д.Д. починал во 3 часот и 10 минути“.
Вештачењето на Институтот за судска медицина во Белград, пак, покажа дека Д.Д. не починал од природна смрт, но од последиците од тепањето, чии траги беа јасно видливи и детално опишани во вештачењето.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.