Регион
Иранец за случувањата на грчко-турската граница: „Фрлаат по нас солзавец и димни бомби, светот треба да знае што се случува“
Нови жестоки судири избувнаа утрово на грчко-турската граница.
Мигрантите и бегалците се судрија со грчката полиција и војската, а полицијата ги растера со солзавец и водени топови.
„Солзавец и експлозии ја претворија затворената тампон зона на Пазаркуле, на турската граница, во подрачје за борба меѓу мигрантите и грчката гранична полиција“, јавува „Франс24“, во извештај од граничниот премин.
Додека турската полиција им забрани на новинарите пристап до импровизираниот камп за мигранти во Пазаркуле, некои мигранти успеваат да ги искористи патиштата за да ги раскажат своите приказни.
Еден од нив, Реза – Иранец кој зборуваше за „Франс24“ за она што се случува на границата.
„Тоа се солзавец и димни бомби, фрлени на границата од страна на грчката влада“, рече тој.
„Мојот пријател од Авганистан беше погоден од солзавец во близина на границата. Отидов да помогнам, а тие испалија солзавец кон мене и јас бев повреден“.
Раскажува дека условите за живот на кампот се влошуваат секој ден. Кампот има и долги редици за храна и основни потреби.
Мигрантите спијат под импровизирани засолништа во шума.
„Светот треба да знае што се случува овде и каде се одвиваат работите, затоа ви раскажувам“, рече Реза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Во Хрватска падна снег
На подрачјето на Горски котар во Хрватска синоќа падна снег, а на места имаше и вистинска снежна покривка.
Снег ја зафати и Горанската делница на автопатот А6 Риека-Загреб, но работниците на зимската служба минаа низ снегот и до утрово нема ограничувања во сообраќајот, јавува Н1.
Регион
Вучиќ во ОН: Курти денес не е во Њујорк оти води тајна кампања во Северна Македонија
За време на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации посветена на шестмесечниот извештај на генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш за работата на УНМИК, српскиот претседател Александар Вучиќ го обвини лидерот на движењето Самоопределување, Аљбин Курти за мешање во внатрешните работи на Македонија.
Вучиќ истакна дека Курти не бил присутен на седницата во Њујорк бидејќи бил зафатен со водењето на изборната кампања на неговата партија во соседна држава.
Вучиќ изрази изненаденост од тоа што, според него, најпопуларен политичар во Македонија е претседателот на Србија, иако нема кампања во таа земја.
Тој посочи дека како претседател на Србија се извинува за постапките на, како што го нарече, српскиот граѓанин Аљбин Курти и истакна дека мешањето во внатрешните работи на Северна Македонија не е политика на Србија, туку постапка на неодговорен граѓанин.
Регион
Уапсена државјанка на Јужна Африка, осомничена дека ја убилa мајка си во Црна Гора
Јужноафриканска државјанка е уапсена под сомнение дека утрово ја убила својата мајка во Пераст.
Полициската управа соопшти дека медицинскиот персонал на Здравствениот дом во Котор пријавил во полиција дека во станбена зграда во Пераст е пронајдено безживотно тело на жена, а таму била пронајдена и нејзината ќерка Н.Л.Т., пренесува Вијести.
„Полицијата излезе на местото на настанот каде е утврден идентитетот на починатата, а преземени се мерки и дејствија за утврдување на фактите и околностите под кои настапила смртта“, се вели во соопштението на полицијата.
Оттаму додаваат дека увид на лице место е извршено во присуство на обвинител од Вишото државно обвинителство во Подгорица, како и службеник од Центарот за судска медицина.
„По преземени сеопфатни истражни дејствија, припадниците на полицијата дошле до сомнение дека сторител на ова кривично дело е Н.Л.Т. и таа е лишена од слободата.