Регион
И во Хрватска се води истрага за смртен случај по примање на вакцината од „Астразенека“
Хрватската агенција за лекови (ХАЛМЕД) и Хрватскиот завод за јавно здравје (ХЗЈЗ) испитуваат случај на смрт поврзана со згрутчување на крвта по примањето на вакцината од „Астразенека“.
Како што пишува „Јутарњи лист“, 91-годишна жена починала од белодробна емболија три дена откако била вакцинирана, а случајот во моментов се истражува.
Агенцијата наведува дека е започната постапка за собирање на потребните податоци и нивна проценка, како и дека ќе донесе конечен заклучок што е можно поскоро.
Ова е единствениот пријавен случај во Хрватска во кој смртта на вакцинирано лице е поврзана со тромбоемболичен настан, наведува „Јутарњи лист“. Инаку, повеќе европски земји ја запреа вакцинацијата со вакцината на „Астразенека“, токму поради појава на случаи со згрутчување на крвта или поради претпазливост. Сепак, СЗО нагласи дека засега нема основани аргументи кои укажуваат дека треба да се стопира користењето на оваа вакцина.
Меѓутоа, како што наведува „Јутарњи лист“ ова не е единствениот смртен случај што се истражува во Хрватска, поради можна поврзаност со приемот на вакцина.
Имено, според весникот, кај уште пет починати пријавено се сомнежи за поврзаност со вакцината бидејќи било утврдено дека временскиот период е близок со периодот на вакцинација.
Како што дознава „Јутарњи лист“, истрагите уште траат и за тие случаи, а станува збор за лица кои примиле различни вакцини, односно „Фајзер“, „Астразенека“ и „Модерна“. Причината за смртта кај нив претежно била срцев удар.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.