Регион
Китаровиќ: Aко Шешељ го газел хрватското знаме треба да биде соодветно казнет
Хрватската претседателка, Колинда Грабар-Китаровиќ, рече дека односите меѓу Хрватска и Србија сега се нарушени по инцидентот што наводно го предизвикал радикалот Воислав Шешељ.
„Србија мора да утврди дали Шешељ навистина го сторил она што тврди дека го сторил. Ако се утврди дека навистина го газел знамето на Република Хрватска, тој треба да биде соодветно казнет. Санкцијата за такво дело во Србија е три месеци затвор или парична казна“, рече Китаровиќ, а пренесоа хрватските медиуми.
Хрватската претседателка изрази надеж дека овој случај нема да предизвика дополнително вербално насилство и дека нема да има други последици.
Таа воедно додаде дека не знае кој му пренел на претседателот на Србија, Александар Вучиќ, дека за време на неговиот престој во Хрватска било запалено српското знаме, велејќи дека таквата информација не е точна, а како што рече, тоа може да се потврди и од страна на Амбасадата на Србија во Хрватска.
Инаку, претходно, хрватскиот портал „Индекс“ пренесе дека од српското собрание на нивните новинари им рекле дека не постои снимка од наводниот инцидент на лидерот на радикалите, Воислав Шешељ, за време на вчерашната посетата на хрватската делегација.
Меѓутоа, во хрватската јавност и тамошните медиуми владее доза на скептичност за тоа како може ниту еден од хрватските и српските новинари кои вчера биле во српското собрание за време на посетата на хрватската делегација, да нема видеоснимка од наводното газење на хрватското знаме. Исто така, новинарите на „Индекс“ имале проблем да најдат и сведок кој би можел да потврди што се случувало со хрватското знаме.
Сепак, српската радикална партија тврди дека Шешељ во Собранието на Србија ја пцуел хрватската делегација и газел по државното знаме.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Нов силен земјотрес ја погоди Грција: се стресе на Крит
Нов земјотрес со јачина од 3,7 степени според Рихтеровата скала ја погоди Грција, соопшти EMSC.
Земјотресот е регистриран на Крит, на 62 километри од Ираклион, на длабочина од 16 километри.
Земјотресот е регистриран во 12:37 часот по локално време.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.
Грција утрово ја погоди силен земјотрес со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала, по што следеа афтершокови.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.