Регион
Комисија ќе ги истражува случаите со исчезнати бебиња во Србија
По четири месеци од формирањето, започнува со работа мешовита комисија во Србија, која ќе врши истрага за случаите со исчезнати бебиња во изминатите години. Во комисијата има претставници од државни институции и родители на деца што се сомневаат дека децата им се исчезнати од породилишта.
„Формирањето и почетокот на работата на комисијата едвај го завршивме благодарение на министерот Небојша Стефановиќ и Владата и покрај противењето на остатоците на поранешните режими во институциите“, изјави за весникот весникот „Вечерње новости“, Радиша Павловиќ, член на комисијата и претседател на здружението „За вистина и правда за бебињата“.
Комисијата ќе биде задолжена и да испита одговорност на оние што со години спречувале истрага. Според Павловиќ, родителите сакаат да ја знаат вистината, а потоа да ја задоволат и правдата.
За законот расправаше и Комитетот на министри на Советот на Европа кои надгледуваат спроведување одлуки на Европскиот суд за човекови права во Стразбур. Тие изразија длабоко жалење бидејќи властите во Белград пропуштиле да спроведат мерки од судски пресуди за да се обезбеди воспоставување механизам за обесштетување на сите родители на исчезнати бебиња. Судот издаде налог за Србија за институционално решање на прашањата за исчезнати бебиња пред пет години.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето три лица во БиХ, кои на „Тик-ток“ објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи, кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управата за технологија, уапси три лица што се сомничат дека преку социјалната мрежа „Тик-ток“ објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б. Т. (2002), М. Т. (2001) и З. Т. (1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде што потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.