Регион
Концерт на поддршка за шестте воени злосторници осудени од Хаг
Полицијата во Мостар e на нозе поради концертот за поддршка на шестте поранешни лидери на Херцег Босна, кои се осудени во Хаг на 111 години затвор за воени злосторства. Истовремено, властите на градот Мостар и полицијата не му дадоа дозвола за митинг на Здружението “Деца на војната”, кое се противи на концертот на Марко Перковиќ Томсон, чиј репертоар е исполнет со усташки песни, често придружени со иста иконографија.
Заради концертот од Хрватска, од соседството, како и од дијапората ппристигнаа автобуси полни со гости за концертот,а меѓу нив и бројни резервисти на ХДЗ. Каква е атмосферата и амбиентот пред концертот на контроверзниот пејач најдобро илустрира неговиот постер на кој се величаат Хитлер и Анте Павелиќ.
Додека Европа и цивилизираниот свет на Перковиќ не му дозволуваат дури ни да се приближи до стадионите, ХНС со кој управува ХДЗ одлучи да оди до крај, дури и по отворените и јасни пораки од страна на амбасадите на земјите на Советот за спроведување на мирот, кои сугерираа да се откаже концертот за отворена поддршка на осудениците.
Хашкиот трибунал шестте политички и воени лидери на поранешната Херцег Босна ги осуди на 111 години затвор поради учество во здружен злосторнички потфат во БиХ од 1991 година до 1994 година. Јадранко Прлиќ, поранешен премиер на Херцег Босна, беше осуден на 25 години затвор, Бруно Стојиќ, шеф на Министерството за одбрана, на 20, а толку беа осудени и генералите Слободан Праљак и Миливој Петковиќ. Валентин Чориќ, шеф на воената полиција на ХВО, е осуден на 16 години затвор, додека Берислав Пушиќ, шеф на размена на затвореници, осудени на 10 години затвор.
Џонатан Мур, шеф на Мисијата на ОБСЕ во БиХ ја осуди поддршката за воените злосторници порачувајќи дека „за нив нема место во јавниот живот“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.