Регион
Лавров по средбата со Додик: Не сакаме мешање на Западот во БиХ
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, потврди дека неговата земја се спротивставува на промените во Дејтонскиот договор и каков било ангажман на меѓународната заедница во БиХ, како и на приближувањето на земјата кон НАТО.
Лавров доцна попладнево пристигна во дводневна официјална посета на Босна и Херцеговина и веднаш по неговото пристигнување во источно Сараево, тој се состана со членот на Претседателството на БиХ, Милорад Додик, кој беше придружуван од службени лица од властите на Република Српска.
По тој состанок, Лавров им изјави на новинарите дека РС е добар и близок партнер на Русија, која исто така сака стабилност на БиХ и дека внатрешниот дијалог со кој земјата би ги решила своите проблеми нема алтернатива.
„Нашиот заеднички став е дека Дејтон е темел на функционирањето на БиХ и дека треба да се почитува еднаквоста на трите конститутивни народи и двата ентитета“, рече Лавров додавајќи дека Русија ги повикува сите да ги почитуваат овие основни карактеристики на Дејтон, а дека сите проблеми треба да се решаваат со внатрешен политички дијалог, односно без мешање во внатрешните работи на БиХ.
Тој повика на затворање на ОХР како „анахронизам што го дискредитира Западот“ тврдејќи дека на БиХ не ѝ треба меѓународен протекторат.
„Секој обид за соборување на Дејтон може да има многу сериозни последици“, рече Лавров додавајќи дека би било многу тешко одново да се изгради кревката рамнотежа на која се темели Дејтонската спогодба.
Лавров исто така ја искористи својата посета на БиХ за да испрати порака дека Москва ја поддржува позицијата на РС за воена неутралност и го обвини НАТО за нарушување на меѓународната стабилност преку својот ангажман.
По повод 25-годишнината од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор, денеска порака упати и новоизбраниот претседател на САД, Џо Бајден.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Мајката на двегодишната Илиќ донесена во полиција: распитувањето за исчезнувањето на ќерката продолжува
Ивана Илиќ, мајката на двегодишната Данка, е донесена во полиција во Бор, потврдија од полицијата за „Телеграф.рс“.
Нејзиното сослушување продолжува и денеска.
Таа, неофицијално, не е осомничена.
Ќе одговара на прашања за детето, навиките, односот со сопругот, семејството, роднините, пријателите, пренесува медиумот.
Исчезнувањето на детото го пријавила на 26 март годинава во 13.45 часот.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски „Индекс“.
Новинар и снимател на српски „Информер“ пристигнале пред куќата на вујкото на Данка, каде што се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж, кој се претставил како вујко на Данка, и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ „Информер“ во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за „шерот“ (удел во вкупна ТВ-гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето три лица во БиХ, кои на „Тик-ток“ објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи, кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управата за технологија, уапси три лица што се сомничат дека преку социјалната мрежа „Тик-ток“ објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б. Т. (2002), М. Т. (2001) и З. Т. (1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде што потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.