Регион
(Видео) Марјан Шарец стана нов премиер на Словенија
Марјан Шарец, кој пред да заплови во политичките води беше познат како имитатор на политичари, ќе ја предводи првата словенечка малцинска влада како најмлад премиер.
Шарец, кој ќе наполни 41 година во декември, пред четири години ја основа Листата со која отиде на локалните избори во својот роден град Камник.
Тој беше двапати градоначалник на Камник, 2010 и 2014 година, кога освои 63 отсто од гласовите. Овој политички новодојденец јавноста првин го запозна како комичар.
Тој ја напушти глумата веднаш штом стана градоначалник. Сепак, Шарец е амбициозен и се чини дека одамна има зацртано да стане премиер, вели словенечката агенција истакнувајќи дека, по сè изгледа, и брзо учи.
По гласањето во парламентот, Шарец рече дека неговата влада е достојна за доверба и веднаш ќе почне да работи. На новата влада, како што рече, ќе ѝ суди според она што го постигнала.
Шарец најави дека неговата прва посета во странство ќе биде Австрија, односно Салцбург, каде што следната недела ќе присуствува на неформалниот состанок на лидерите на ЕУ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.