Регион
Митрополитот Амфилохие предупредува: Власта поттикнува и подготвува граѓанска војна
Митрополитот црногорско-приморски Амфилохие изјави денеска дека црногорската власт со своите постапки предизвикува и подготвува граѓанска војна, пренесува „Спутник“.
Тој рече дека дошол пред судот во Никшиќ да побара прошка од владиката Јоаникие зашто, како што вели, тој требало да биде на неговото место.
„Го молам владиката да ми прости што по моја вина стана епископ на епархијата Будомљанско-никшиќска и по моја вина се вклучи во одбраната на светињите“, порача митрополитот.
Како што посочи, во ситуацијата тој е главниот виновник и дека ако некому треба да му се суди, тогаш нема друг, освен митрополитот, кој е главен виновник за тоа што се случува во црквата во Црна Гора уште од 90-тите години.
„Требаше јас да бидам таму“, рече Амфилохие.
Тој изрази надеж дека власта ќе донесе нормална и здрава одлука и дека ќе ги ослободи владиката и свештениците, а ако не го стори тоа, ги замоли нему да му судат.
Во меѓувреме, ситуацијата во Црна Гора не се смирува. Владиката Јоаникие, кој во вторникот заедно со уште осум свештеници беше приведен во Центарот за безбедност по што му беше одреден 72-часовен притвор, ќе биде сослушан пред судијата за прекршоци во Никшиќ под обвинение дека ги прекршиле мерките за сузбивање на пандемијата на коронавирусот со литијата што ја одржале.
Покрај митрополитот Амфилохиj и монахињите, пред судот почна да се собира и толпа народ.
Во повеќе градови во Црна Гора претходните денови беа одржани молебени и протестни прошетки поради апсењето на владиката и свештениците. Државните органи ги изведоа на улиците специјалните сили, кои во неколку наврати на брутален начин се пресметуваа со народот и употребија и солзавец.
Од утринава на излезот од Подгорица кон Никшиќ бил забележан голем број воени возила. На патот кон Никшиќ полицијата ги запира сите возила и ги легитимира возачите што мора да дадат изјава зошто точно одат во Никшиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Воз налета на пешак: трагедија кај Стара Пазова
Вечерва околу 19:15 часот брз воз налетал на пешак на брзата пруга Нови Сад-Белград.
Несреќата се случила меѓу станиците Инѓија и Стара Пазова.
Засега не се знае точно како дошло до несреќата, а полицијата врши увид на лице место.
Информирани се сите надлежни служби, пишуваат српските медиуми.
Регион
Вучиќ: За Словенците мислам се најдобро, но нема да им се извинувам на нивните политичари
Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска во Њујорк изјави дека не сака да го навреди народот на Словенија и дека го мисли најдоброто за нив, но дека нема намера да им се извинува на нивните политичари бидејќи, како што рече, водат одвратна политика.
„Реков дека Словенците се одвратни, мислејќи на седницата на Советот за безбедност. Тоа беше темата и на сите им беше јасно дека се работи за поединецот и се работи за нивната политика. Сигурно не треба да се користи вокабуларот, но јас на човечки начин кажав што мислам за нивната политика“, рече Вучиќ во обраќањето пред новинарите.
Тој додаде дека на Словенците им мисли најдобро како народ и дека има многу пријатели и роднини во Словенија.
„Ако некого сум навредил, сакам да и се извинам на целата јавност во Словенија и истовремено да кажам дека нема да им се извинувам на словенечките политичари, бидејќи тие водат одвратна политика кон Србија и српскиот народ“, рече Вучиќ.
Тој додаде дека неговата изјава е извадена од контекст и е оценета како нешто „страшно“, но дека нарушувањето на територијалниот интегритет на Србија не е оценето како „страшно“.
„Не е страшно што ја спонзорираат резолуцијата за Сребреница против нашиот народ, без претходно да не консултираат, да не информираат или да не прашаат. Ја користам можноста да ги поканам, премиерот на Словенија, Роберт Голоб и претседателката на Словенија Наташа Пирц Мусар во Белград и Србија. Дефинитивно треба уште еднаш да се извинам, да укажам дека секако не мислев на Словенците, туку да им кажам в лице што мислам за нивната лоша политика кон Србија и српскиот народ“, заклучи Вучиќ.
Регион
Словенечката опозиција бара истрага за случаите со крадење бебиња во Југославија: „Можеби се продадени повеќе од 20.000 деца“
Опозициските партии во Словенија поднесоа барање за парламентарна истрага за потенцијалното учество и одговорност на јавните службеници во случаите на кражба на деца во таа земја во периодот од 1965 до 1991 година, изјави денеска пратеничката на Словенечката демократска партија (СДС) Аленка Јерај.
„Во таканаречената трговија со бебиња, којашто се случуваше воглавно во 70те и 80те години во поранешна Југославија, повеќе од 20.000 деца можеби се продадени“, рече Јерај и додаде дека се соработува со српските друштва за овие случаи, пренесе СТА.
Овој проблем минатата година словенечкото здружение на родители на украдени деца го презентираше до собраниската Комисија за претставки, човекови права и еднакви можности со пропратна документација, а министерката за внатрешни работи Татјана Бобнар тогаш вети дека надлежните служби ќе направат се во нивната моќ.
Јерај изјави дека надлежните не презеле ништо, наведувајќи дека медицинскиот персонал инволвиран во неколку случаи на кражба на бебиња не бил вклучен во полициската истрага, а полицијата не ја презела документацијата од здружението на родители.
Словенечкиот премиер Роберт Голоб претходно оваа недела истакна дека 45 од 59 случаи на сомнителни кражби на бебиња се веќе затворени.