Регион
Мицотакис: Се предвидува Грција да се отвори за туристи на 15 мај
Грција треба да биде отворена за туристи од 15 мај, потврди денеска премиерот Кирјакос Мицотакис велејќи дека пандемијата на коронавирусот покажува знаци на стабилизација за што придонело и воведувањето на вакцините.
„Вакцините, самотестирањето и подобреното време нè уверуваат дека оваа авантура без преседан е при крај“, рече Мицотакис во специјалното телевизиско обраќање, пренесува „Ројтерс“.
Сепак, премиерот додаде дека стапката на новозаразени случаи со коронавирус сè уште е висока и дека луѓето не треба да патуваат за време на велигденскиот викенд, кој почнува на 30 април.
„Реков дека нашата цел е безбеден Велигден и бесплатно лето“, повтори Мицотакис.
Тој додаде дека рестораните би требало да се отворат од 3 мај, а училиштата од 10 мај.
Владата овој месец почна со масовна поделба на бесплатни комплети за тестирање дома за да ги отвори средните училишта и некои услуги бидејќи сака да ја контролира ситуацијата со Ковид-19 доволно пред почетокот на туристичката сезона, односно од 15 мај.
Здравствените власти пријавија 3.015 нови случаи на Ковид-19 и 86 смртни случаи денеска.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.