Регион
Могерини охрабрена од дијалогот меѓу Белград и Приштина, другите без изјави
Дијалогот меѓу Белград и Приштина е важен за регионот и за Европската унија, истакна доцна ноќта во средата високата претставничката за надворешна политика и безбедност на ЕУ, Федерика Могерини и порача дека е „охрабрена од конструктивните заложби“ на двете страни во новата рунда преговори, одржани изминатата вечер и ноќта во Брисел.
По состанокот на делегациите на Белград и на Приштина во Брисел, кои ги водеа српскиот премиер Александар Вучиќ и косовскиот Иса Мустафа, како и претседателите Томислав Николиќ и Хашим Тачи, шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини соопшти дека „залагањето и добрата волја ќе дадат значаен придонес кон намалувањето на тензиите“ и дека „работата ќе биде продолжена во тој дух“.
„Дијалогот е многу важен процес за Србија и за Косово, но и за регионот и за ЕУ. Напредокот во нормализацијата на односите е клучен за задржување на мирот и напредокот кон ЕУ. Тоа е клучно за Европа и за регионалната стабилност“, се наведува во писмената изјава на Могерини, којашто ја цитираат агенциите.
Пред почетокот на заедничките разговори, Могерини имаше одвоени средби со двете делегации, а нејзината оцена е дека сите учесници на состанокот „ја повторија својата целосна посветеност на заедничкото работење на дијалогот“.
Могерини на највисоките функционери на Белград и на Приштина им се заблагодарила „на отворената и конструктивна расправа“, наведувајќи дека овој состанок претставува продолжување на дијалогот од 24-ти јануари.
Во средата вечерта во Брисел беше одржан новиот круг од дијалогот за нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, а по паузата, за разлика од претходните разговори, никој од учесниците не даваше изјави за медиумите,
Српскиот претседател Томислав Николиќ пред почетокот на средбата за Радио-телевизија Србија изјави дека Белград „ќе инсистира на формирање на Заедницата на српските општини (ЗСО)“, што е дел од обврските кои Приштина ги презема со потпишувањето на договорот за нормализација на односите со Белград во април 2013 година и на што српскиот државен врв со месеци инсистира.
Истовремено, Приштина инсистира на тоа дека Заедницата на српските општини не треба да има извршни овластувања, а од Белград очекува на крајот од преговарачкиот процес под покровителство на ЕУ да ја признае независноста на својата поранешна јужна покраина Косово и Метохија, којашто во 2008 година со поддршка на САД и главните членки на ЕУ прогласи независност на Република Косово. Тоа, пак, за Белград претставува „црвена линија“ преку којашто нема да мине ниту по цена на откажувањето од евроинтеграциите./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.