Регион
Нападнато седиштето на крајнодесничарската грчка партија „Златна зора“
Централата на крајно десничарската грчка партија „Златна зора“ е нападната од група револтирани млади лица, вооружени со чекани, кои предизвикваа значителна штета на просториите, но за среќа во нападот нема повредени. Од полицијата прецизираат дека се приведени неколку лица на сослушување, пренесуваат грчките медиуми.
Младите, исто така, ја кршеле продавницата лоцирана во приземјето од зградата во Атина, во која се наоѓа седиштето на партијата.
Основана како неонацистичка група во 1980-те година, „Златна зора“ на парламентарните избори одржани во 2015 година беше на третото место. За време на големата финансиска криза во земјата, тие стекнаа голема популарност.
Канцелариите на партијата одмна се предмет на бомбашки напади. Во 2013 година двајца членови беа застрелани, а одговорноста ја презеде левичарска екстремистичка група, посетуваат медиумите.
Портпаролот на партијата Илиас Касидиарис ја обвини владата дека ги затвора очите за нападите извршени против „Златна зора“. „Тие мислат дека со тероризам и молотови коктели ќе престане да постои „Златна зора“. Партијата нема да биде запрена и таа е единствената сила која се бори против распродавање на Грција“, истакна портпаролот на партијата.крај /мф/кс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.