Регион
Наставничка во Хрватска им раскажувала на децата што и се случило кога земала дрога, екстази
Родителите на ученици во средно училиште во Хрватска се пожалиле на класниот раководител на однесувањето на наставничката, за кое тврдат дека е многу непрофесионално. Тврдат дека таа на децата детално им раскажала што и се случило по употребата на дрога, екстази.
„Згрозени сме од нејзиното однесување и третман на децата уште пред инцидентот со дрогата. Се однесува ужасно вулгарно, им кажува на децата дека се „ретардирани“. Не е во мој интерес некој да добие отказ, но таа се однесува ужасно непрофесионално и дава лош пример за децата“, велат за 24satah.r родители на деца кои посетуваат средно училиште во централна Хрватска.
Во средината на февруари наставничката во ресторан конзумирала дрога, а потоа пристигнала брза помош. Тој случај завршил во медиумите откако полицијата уапсила 31-годишен маж под сомнение дека и дозволил на наставничката да ја конзумира дрогата. Мажот потоа доброволно и предал на полицијата една таблета МДМА.
„По тој инцидент таа замина на боледување еден месец, а кога се врати на децата им го раскажа своето искуство на час. Им раскажала како ги тепала техничарите, како гребела сè, како полицијата ја однела од болница, се јасно и детално објаснила. На некои деца дури им беше интересно, па рекоа дека би сакале сами да пробаат“, велат родителите кои се пожалиле на класниот раководител.
Директорот на училиштето рекол дека за случајот „слушнал гласини во ходниците“.
„Имам одредени информации за тоа, но сето тоа е неофицијално, никој не ме контактирал. Искрено, очекував некој да ме контактира, но ништо. Во училиштето имаме и Ученички совет каде што можат да ги изнесат децата сите свои проблеми и предлози. Инаку имаме многу добра соработка и никој не се пожали на однесувањето на професорката“, вели директорот и посочува дека многу колеги, меѓу кои и некои родители, дошле кога таа била на боледување да прашаат кога ќе се врати.
„Би сакала да не им дава таков пример на децата“, заклучува една мајка.
Министерството за образование на Србија до сега не се огласило за овој инцидент.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.