Регион
Најмалку седум деца мигранти речиси измрзнале на планинскиот премин меѓу Хрватска и БиХ
Најмалку седум деца мигранти, кои со родителите вчера тргнале пешки од Босна и Херцеговина преку планината Плешевица, се сериозно повредени, а неколку од нив и колабирале од дехидрација и исцрпеност поради што синоќа се донесени во болница во Госпиќ, пренесуваат хрватските медиуми.
Според информациите, во болницата биле донесени четири жени со седум деца на возраст од една до 10 години. Од жените две се бремени и се задржани во болницата.
„Децата се прегледани, рехидрирани и затоплени, а две жени ѝ се предадени на полицијата за понатамошна постапка. Две жени, двете во напредна бременост, уште денеска ќе останат во болница“, изјавила директорката на болницата во Госпиќ, Сандра Чубелиќ.
Екипи на пограничната полиција и припадници на специјалните единици вчера на подрачјето на планината Плешевица, во тешки временски услови, пронашле повеќе лица, на кои им била потребна медицинска помош.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Еди Рама оттурна новинарка, не му се допадна прашањето што му го постави
Албанскиот премиер Еди Рама за време на прес-конференцијата ја оттурна новинарката бидејќи, според локалните медиуми, не му се допаднало прашањето што таа му го поставила.
Како што пренесува „Газета 10“, Еди Рама ја турнал репортерката на телевизијата СИРИ откога таа му поставила прашање.
Наводно новинароката го прашала премиерот „зошто парите на албанските даночни обврзници одат во новото пристаниште, а во сегашното пристаниште Драч се продаваат станови на приватни инвеститори“.
По тоа, дошло до физички контакт, а сè се случило додека бил опкружен со новинарски екипи.
A disgusting, yet no surprising gesture of #Albania PM, @ediramaal harassing a female journalist today. pic.twitter.com/0DFuUOzDwX
— Xhemajl Rexha (@xhemajl_rexha) March 19, 2024
„Ве молам, не допирајте ме повеќе“, рекла новинарката додека Рама си заминувал по инцидентот, пренесува „Блиц“.
Регион
Тинејџер загина во Будва, со „ситроен“ излетал од патот со двајца патници
Тинејџерот Лазар Ф. (15) загина во неделата во тешка сообраќајна несреќа што се случила во Будва кога автомобилот што го управувал излетал од патот.
Во незгодата се повредени две лица, од кои едното е полнолетно – Ј. М., а другиот е малолетник – М.М.
Повредените веднаш биле префрлени во болницата во Котор.
Во полициското соопштение се наведува дека несреќата се случила во близина на стадионот, кај плажата Јаз, и се додава дека возилото удрило во дрво.
Тинејџерот управувал автомобил „ситроен“ со будвански регистарски таблички.
Регион
Неписмени гангстери: реакција на Милановиќ по одлуката на Уставниот суд
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска ја коментираше одлуката на Уставниот суд за неговата кандидатура.
Медиумите во регионот потсетуваат на одлуката на Уставниот суд во која е заклучокот дека хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не може да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија додека ја извршува својата функција. Претседателот на Уставниот суд,Мирослав Шепаровиќ му забранил да биде на избирачкиот список и на кој било начин да учествува во изборната кампања додека е претседател.
„Тоа го направија на гангстерски начин. Тие не ми можат ништо, но јас им можам. Тоа се сељаци, неписмени. Писмен човек, барем тој што завршил автошкола, има проблем со тоа“, рече тој.
Зоран Милановиќ потоа на насобраните во Вела Лука им ја прочитал одлуката на Уставниот суд.
„Најверојатно хрватскиот го научиле во автомеханичарска работилница. Според овие неписмени гангстери, тоа е забрането, но не е“, рече тој.
„Ова мора да се реши на избори. На крајот ќе бидам премиер, но нема да и кажувам на таа банда како. Ќе бидам кандидат на изборите, како што можев да бидам и на европските избори. Јас нема да си дадам мандат. Што е тука спорот, неписмени гангстери“, праша тој.
Собирот на ХДЗ во Лисински го нарече бал на вампирите. Тој рече дека во првите редови имало двајца ректори на државните универзитети.
„Со гангстерите ќе се справиме по изборите“ рече тој.