Регион
На продажба земјиште со минско поле во Босна
Стечајниот управник во фирмата „ГИК Брод“ од Брод во Босна распишал лицитација за продажба на повеќе 100.000 квадрати земјиште на локалитетот Барица во оваа локална заедница, пренесува „Спутник“.
Почетната цена од квадратен метар е многу поволни 0,42 конвертабилни марки, со тоа што заинтересираните купувачи треба да имаат предвид дека соседните парцели се минирани, како и дека постои голема веројатност на дел од земјиштето што се продава да има минско поле.
„Предмет на наддавање е неплодно земјиште со вкупна површина од 105.446 квадратни метри. Дел од земјиштето е непристапен во моментот поради сомневање за евентурално постоење неексплодирани убиствени средства“, се вели во јавниот повик.
Понудите треба да се испратат до 1 септември, а, како што се наведува во огласот, имотот може да се разгледа секој работен ден.
Стечајната управничка Снежана Поповиќ појаснува за порталот „Капитал“ дека претставници на Цивилната заштита од Брод ја известиле за опасностите на локалитетот на кое е земјиштето што се продава поради што решила за тоа да ги извести потенцијалните купувачи.
„Во Цивилната заштита се сигурни дека на соседните парцели има убиствени средства што не се отстранети, а постои сомнеж дека ист е случајот и со нашата парцела. Заради безбедност, таа информација ја вклучив и во огласот“, објаснува таа.
Според Поповиќ, од Цивилната заштита добила скици на кои се вцртани сомнителните површини.
Ова не е прв обид за продажба на земјиштето на фирмата што е во стечај од 2015 година. На лицитацијата во декември минатата година немало заинтересирани купувачи, но тогаш немало и никакво предупредување за минското поле.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.