Регион
Несогласувања помеѓу Рама и Мета околу барањата на опозицијата
Лидерите на двете партии во Албанија кои се во владината коалиција, премиерот Еди Рама и претседателот на Собранието Илир Мета имаат големи несогласувања околу барањата на опозицијата, која протестира повеќе од еден месец и одржувањето на изборите на 18-ти јуни годинава го условува со формирање на техничка Влада, пренесуваат албанските медиуми.
Додека социјалистот Рама вели дека нема одложување на изборите, неговиот коалиционен парнтер Илир Мета, инаку лидер на партијата „Движење за социјалистичка интеграција“ смета дека во демократски системи не е можно одржување на избори без опозиција.
Токму овие разлики според албанските медиуми видно ги имаат затегнато односите на партнерите во владината коалиција, а албанските аналитичари нагласуваат дека политичките несогласувања меѓу двете партии се продлабочуваат и можно е тие крајно да се влошат.
Во меѓувреме опозицијата предводена од лидерот на Демократската партија, Лулзим Баша повеќе од еден месец протестира и од поставените шатори пред Владата во Тирана бара оставка на Рама и неговата влада, и формирање на техничка влада со цел да се гарантираат „објективни и коректни избори“. Баша изјавил дека „владата на Рама која е коруптирана и е организатор на криминалот во земјата, не е гаранција дека во Албанија може да се спроведат коректни избори, односно дека нема да има избори во јуни“./крај/мф/мн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.