Регион
Ниските температури однесоа три живота во Бугарија
Поларниот студ што го зафати Балканот, во соседна Бугарија ноќта кон неделата однесе три живото во областа на Ќустендил, каде е измерена најниска температура од минус 26 Целзиусови степени, пренесуваат медиумите.
Поради многу ниските температури особено во западна Бугарија, локалните власти воведоа вонредни мерки и продолжен е распустот за учениците.
Повеќе патни правци и во централниот дел од земјата се непроодни, особено кон руралните области. Железничкиот патнички сообраќај, исто така, е во прекин, и се движат само брзите возови. Поради мраз од централната железничка станица во Софија возовите поаѓаат со големо задоцнување.
Медиумите јавуваат и за запирање на пловидбата по Дунав кај Свиштов, поради многу ниските температури и формирање мраз во ракавите и устијата на реките.
Поради ниските температури кои се очекуваат да траат најмалку до вторникот со просечна максимална температура од минус 12 степени, а минимални меѓу -21 и -18 степени, Националниот институт за метеорологија и хидрологија (НИМХ) прогласи портокалов метеоаларм за Софија и за областа на бугарската престолнина, како и за Перник и Ќусендил.
Властите, исто така, предупредуваат на можност од лавини во планинските области, каде снежната покривка е меѓи 60 и 150 сантиметри, но поради силните ветрови формирани се високи наноси од снег. Жичниците и ски-лифтовите се во функција во сите зимски одморалишта, каде не се пријавени проблеми.
Поради ниските температури, се очекува потрошувачката на струја да ги собори сите рекорди во последните 20 години, особено во најстудениот ден вторник. Операторите со електроенергетскиот систем прогнозираат потрошувачка на 7.500 мегавати доколку температурите се движат околу -12 степени. Последната рекордна потрошувачка на струја во Бугарија е регистрирана на 1-ви февруари 2012 година, од 7.400 мегавати, кога температурите приближно биле исти како и сегашните./крај/мф/сн
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
(Видео) Конфликт меѓу српска ТВ-екипа и вујкото на Данка: „Удри го, добро е за рејтингот“
Четврти ден од потрагата по двегодишната Данка Илиќ, а на социјалните мрежи е објавено скандалозно видео снимено пред куќата каде што исчезна девојчето, објави хрватски Индекс.
Новинар и снимател на српски Информер, пристигнале пред куќата на вујкото на Данка каде се случил помал инцидент. Пред нив излегол маж кој се претставил како вујко на Данка и им рекол да си одат оти немаат причина да бидат пред куќата.
Им рекол да ја исклучат камерата или ќе повика полиција. Репортерот и снимателот не го послушале, а најскандалозниот дел од целата ситуација е што водителите во студиото предложиле нивната екипа да го удри вујкото на Данка и дека тоа би било добро за рејтингот.
Mučna situacija svakako, otišli da snimaju porodičnu kuću nestale devojčice. Pojavio se njen ujak i negoduje.
Poslušajte razmišljanje i želju urednika iz studia, od 0:52 do 1:03.
Prokletnici. pic.twitter.com/YnJDuXKV6W— 𝙁𝙀𝙍𝙈𝘼𝙉 (@Fermantwiit) March 27, 2024
Од студиото на ТВ Информер во еден момент велат: „Удри го Рафа, удри го!“ и додаваат дека ќе биде добро за шерот (удел во вкупна ТВ гледаност).
„Сега кога Рафа ќе го забоде, ќе видите“, велат од студиото, се слуша во директниот пренос.
Регион
(Видео) Снимка од приведувањето три лица во БиХ, кои на „Тик-ток“ објавија дека ја држат Данка
Тројца мажи, кои синоќа беа уапсени од Федералната полициска управа (ФУП), а по наредба на српската полиција, синоќа се донесени во просториите на ФУП во Сараево на понатамошна обработка.
Федералната полициска управа на Босна и Херцеговина, врз основа на информации од Министерството за внатрешни работи на Република Србија, Управата за технологија, уапси три лица што се сомничат дека преку социјалната мрежа „Тик-ток“ објавиле дека се поврзани со исчезнување на девојчето Данка Илиќ.
Уапсени се Б. Т. (2002), М. Т. (2001) и З. Т. (1972). Полицијата извршила претрес и утврдила дека информациите што ги дале се лажни.
Во текот на ноќта тројката заедно со Хаџиќ се донесени во просториите на ФУП, каде што потоа ќе бидат предадени на надлежниот обвинител за понатамошна постапка, а видеото од нивното приведување го објави Министерството за внатрешни работи на Србија.
Регион
Два силни земјотреса го погодија југот на Грција
Земјотреси со јачина од 5,7 и 4,3 степени според Рихтеровата скала утрово го погодија југот на Грција, соопшти Геодинамичкиот институт во Атина.
Земјотрес со јачина од 5,7 степени се случи во 9.12 часот на подрачјето на Јонското Море, а минута претходно е регистриран земјотрес со јачина од 4,3 степени, пренесува „Катимерини“.
Двата земјотреса беа почувствувани во многу региони на Грција, вклучувајќи ја и Атика. Професорот по динамичка тектоника и применета геологија, Ефтимис Лекас, на платформата Х напиша дека нема повредени и дека не е причинета штета, а директорот на Геодинамичкиот институт, Атанасиос Ганас, рече дека причината што нема материјална штета е тоа што зградите во областа се изградени според строги антисеизмички прописи.
Ганас изјави дека земјотресот со јачина од 5,7 степени според Рихтеровата скала бил на длабочина од 20 километри, во централното Јонско Море, на допир на евроазиската и африканската плоча. Жителите од погодените подрачја велат дека противпожарните патроли ги утврдуваат сите проблеми предизвикани од земјотресите.