Регион
Нова средба на Заев, Вучиќ и Рама во Тирана
Во Тирана денеска и утре се одржува третиот состанок во рамки на иницијативата која ја покренаа македонскиот премиер Зоран Заев, српскиот претседател Александар Вучиќ и албанскиот премиер Еди Рама, со цел отстранување на пречките за слободен проток на стоки, луѓе, услуги и капитал.
Според најавите на домаќинот Рама, целта е да се имплементира она што повеќепати е договарано, а потоа оставано на страна.
Состанокот претходно беше планиран да се одржи во Драч, но поради разорниот земјотрес што го погоди овој албански град, сега средбата ќе биде во Тирана. Се очекува тројцата да го посетат Драч и да разгледаат начини за пружање помош во вонредни ситуации, климатски промени и заштита на животната средина.
На манатиот состанок во Охрид беше постигнат договор со кој се почна реализацијата на иницијативата, со цел унапредување на инвестицискиот амбиент во трите земји.
Меѓудругото, беше договорено 24-часовно работно време на сите инспекциски служби, побрз транзит на стоки, патување во трите земји само со лична карта, како и работните дозволи да се признати во трите земји, како и дипломите. Иницијативата е отворена и за другите пазари во регионот, но претставници на Босна и Херцеговина и Црна Гора изјавија дека немаат дефиниран или позитивен став за иницијативата.
Пред хотелот во Тирана, каде што се одржува самитот, беше организиран и протест против посетата на српскиот претседател Александар Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.