Регион
Обилните дождови предизвикаа поплави во Босна и Херцеговина
Обилните дождови предизвикаа поплави во северозападниот дел на Република Српска, а кај Бања Лука дојде до излевање на едно вештачко езеро.
Најтешко се погодени шест населби во Приедор, каде што се поплавени десетина објекти.
Прогласен е прв степен на готовност за заштита од поплави поради зголемување на нивото на три реки, наведе РТРС.
Поради обилните дождови и поплави, заседава градскиот штаб за вонредни ситуации.
Од Министерството за здравство во земјата велат дека поради невремето, учениците од неколку училишта се ослободени од настава. На патот Бања Лука – Челинац, во местото Зелен Вир, водата од вештачкото езеро поплави дел од пругата, што го доведе во прашање целокупниот железнички сообраќај во овој дел од БиХ.
На неколку локации во Бања Лука водата се прелеа на улиците. Во Бања Лука од вчера напладне паднале 43 литри дожд на квадратен метар.
Се очекува утре да престанат интензивните врнежи во БиХ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.
Регион
Три сантиметри снег на Копаоник
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопштија вечерва за агенцијата Бета во локалната метеоролошка станица.
Врне снег со слаб интензитет и со повремени прекини.
Температурата е минус три Целзиусови степени, а во моментов дува северен ветер со брзина и до три метри во секунда.
Регион
Еден од убијците на Данка бара нов адвокат
Второосомничениот Срѓан Јанковиќ кој цело време се бранеше со молчење во Обвинителството му го откажал полномошното на својот адвокат бидејќи не сака повеќе да го брани.
Јанковиќ побарал да му биде доделен адвокат по службена должност, пренесуваат српските медиуми.
Ова не изненади бидејќи ретко се случува на сред рочиште осомничениот да побара смена на адвокат – велат од обвинителството.
– Понатамошната постапка е таква што следува разговор на новиот адвокат со осомничениот Јанковиќ. Со оглед на текот на рочиштето, апсолутно секој адвокат ќе го советува да престане да се брани со молчење бидејќи подобро е самиот Јанковиќ да каже се што знае. Убедени сме дека е прашање кога Јанковиќ доброволно ќе ја изнесе својата одбрана во обвинителството. Се надеваме дека постои можност да се дознае каде е телото на малата Данка – неофицијално се дознава од надлежните.
Доколку се оствари предвидувањето на обвинителството, се очекуваат нови моменти во истрагата откако Јанковиќ ќе ја каже својата верзија за настаните.