Регион
Објавени фотографии од спорната куќа на Шешељ во селото што се споменува во пресудата од Хаг
Претседателот на Српската радикална партија, Војислав Шешељ, направил кривично дело со преуредување и доградување на куќата без дозвола, соопшти српската министерка за сообраќај, градежништво и инфраструктура, Зорана Михајловиќ. Куќата се наоѓа во селото Хртковци, каде што, како што пренесува Индекс.хр, е извршено воено злосторство над Хрватите. За купувањето на оваа куќа се крена голем прав затоа што ова сремско село се споменува во пресудата на Хашкиот трибунал со која Шешељ е осуден на 10 години затвор.
Според Михајловиќ, Шешељ го прекршил Законот за планирање и изградба со оглед на тоа што не ги пријавил градежните активности во државните институции. Куќата ја купил за 40 000 евра. Михајловиќ во Собранието рекла дека куќата е нелегална затоа што е изградена без градежна дозвола.
Министерката додала дека Шешељ, кој е и пратеник во Собранието, требало да ја пријави куќата во Агенцијата за борба против корупцијата, но не го сторил тоа.
Шешељ во април годинава беше осуден на 10 години затворска казна во Хаг поради злосторства против човештвото и прогон на хрватското население, но тој е на слобода затоа што судот го зема предвид времето поминато во притвор.
Индекс.хр пишува дека Шешељ ја најавил својата намера да купи куќа во местото во кое го сторил злосторството за кое е правосилно осуден на една локална телевизија. Тогаш најавил дека ќе се жали на пресудата и дека во Хртковци ќе отвори канцеларија на Комитетот за одбрана на д-р Војислав Шешељ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Земјотрес во Србија
Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата скала го погоди Чачак.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил два километри северно од Чачак и 47 километри западно-северозападно од Крагуевац.
Земјотресот се случил на длабочина од осум километри.
Регион
Во Црна Гора 79 отсто од граѓаните се за влез во ЕУ: осум отсто повеќе од 2022 година
Доколку денеска би се одржал референдум за влез на Црна Гора во Европската Унија, за влез би гласале 79 отсто од граѓаните, што е осум отсто повеќе од 2022 година, покажува истражувањето спроведено од 2 февруари до 4 март годинава за потребите на Центарот за истражување на Меѓународниот републикански институт, објави РТЦГ.
Осум проценти би биле против влез, што е за три помалку од две години порано. На референдум не би излегле 10 отсто од испитаниците, два помалку од 2022. Три отсто од нив немале одговор.
На прашањето дали ЕУ е сериозна да им понуди членство на земјите од Западен Балкан, позитивно размислуваат 59 отсто од испитаниците, додека 28 отсто сметаат дека Брисел не е сериозен во таа намера. 13 отсто од нив немале одговор.
На прашањето каков треба да биде надворешнополитичкиот курс на земјата, 36 отсто од испитаниците одговориле дека тој треба да биде проевропски и прозападен. Од друга страна, само три проценти би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски. 22 отсто од нив одговориле дека подеднакво треба да се свртат кон Запад и кон Русија. 17 отсто од нив би сакале курсот на Црна Гора да биде проруски, но и да ги одржува односите со ЕУ и Западот. Осум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за најважен сојузник за вашата земја, 32 отсто од испитаниците сметаат дека тоа е Србија, а 20 отсто се изјасниле за САД. Девет отсто се определиле за Русија, шест за Турција и три за Кина. Седум отсто од нив немале одговор.
На прашањето која земја ја сметате за закана, 19 отсто од испитаниците ги навеле САД, додека 17 отсто мислеле на Русија. Србија ја споменале 10 отсто од испитаниците, Албанија осум, а Косово седум. 11 отсто од нив немале одговор.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поле, сè уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Заечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошни чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство во Заечар.
„Вишото јавно обвинителство во Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности ‘Водовод’ од Бор“.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера, во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.