Регион
Одбраната бара Санадер да биде пуштен од истражниот затвор
Одбраната на поранешниот премиер Иво Санадер побара укинување на притворот и негово пуштање од истражниот затвор каде што заврши кога Врховниот суд на почетокот на април му ја зголеми казната за аферата „Планинска“. Судот одлуката треба да донесе утре.
Како главен аргумент за ослободување од притвор одбраната го наведува тоа што Санадер не добил образложение на одлуката врз основа на која тој заврши во притвор. Портпаролот на Загрепскиот жупански суд, Крешимир Девчиќ, изјави дека одбраната го смета за спорно тоа што решението на одредување истражен затвор е воопштено поради што е прекршено правото на образложна одлука.
„Во решението се вели дека Санадер е осуден на казна затвор во траење подолго од пет години, а одбраната наведува дека тие не знаат колкава е казната и која е одлуката на која се повикува решението“, вели Девчиќ.
Санадер е во затвор од 4 април. Врховниот суд претходно го заврши тридневното разгледување на жалбите против првостепената пресуда во аферата „Планинска“, со која Санадер беше осуден на четири и пол години затвор, а треба да врати и 15 милиони куни.
Според неофицијални информации, Врховниот суд ја зголемил казната на шест години, но тоа официјално ќе биде познато само кога ќе биде напишана конечната одлука на Врховниот суд и ќе биде доставена до странките во постапката.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
Се вештачат трагите од предметите пронајдени во автомобилот во кој била убиена малата Данка
Телото на малото девојче Данка Илиќ (2), кое на 26 март годинава беше брутално убиено во Бањско Поље, се уште не е пронајдено.
Осомничениот Дејан Драгијевиќ (50) во Вишото јавно обвинителство во Зајечар ги изнесе деталите за убиството на детето. Сепак, тој не сакаше да открие каде го фрлил телото на Данка.
Срѓан Јанковиќ (50) не сакал да зборува за делото, а вчера побарал да му дозволат адвокат по службена должност. Во притвор е и таткото на Дејан Драгијевиќ, кој исто така се бранеше со молчење на обвинувањата дека му помогнал на синот да се ослободи од телото.
Понатамошните чекори во истрагата за „Телеграф.рс“ најавија од Вишото јавно обвинителство Заечар.
– Вишото јавно обвинителство Заечар издаде наредба вештаци да ги прегледаат трагите пронајдени во автомобилот на Јавното претпријатие за комунални дејности „Водовод“ Бор.
Сослушувањата на сведоците се во тек.
Вчера во Вишото јавно обвинителство во Заечар дадоа исказ Ивана и Милош Илиќ, родителите на убиената Данка.
Регион
Пленковиќ по победата на изборите во Хрватска: Набргу ќе дознаете со кого ќе имаме мнозинство
Актуелниот премиер на Хрватска, Андреј Пленковиќ, чија партија ХДЗ победи на парламентарните избори во Хрватска, објави дека набргу ќе се знае со кого ќе формираат влада.
„Одлично е чувството, трета победа во низа и убедлива, тоа никој не успеа да го направи пред нас. Презадоволни сме, урнат е митот дека високиот одѕив не ѝ одговара на ХДЗ“, изјави Пленковиќ.
„Многу набргу ќе дознаете со кого ќе формираме ново мнозинство во Собранието. Разговаравме со некои наши колеги уште синоќа, а денеска ги продолжуваме разговорите. Сè оди добро, победниците ќе ја водат владата и во третиот мандат“, порача Пленковиќ.
Неофицијалните резултати по обработката на речиси сите избирачки места, според пресметките, покажуваат дека ХДЗ убедливо победува на парламентарните избори и освојува 61 мандат, а Риека правде на СДП добива 42 мандата.
Регион
ХДЗ слави победа на изборите во Хрватска по првите официјални резултати
Објавени се првите официјални резултати од изборите одржани денеска во Хрватска.
Според првите официјални информации, по 25 отсто преброени гласови, ХДЗ слави победа. ХДЗ води убедливо, а резултатите во штабот беа дочекани со ентузијазам и скандирања „победа“.
ХДЗ 65, „Реке правде“ (СДП) со 41, ДП 14, Мост 9, ИДС 4, Можемо 3, Фокус 3, НП Север 2.
Од друга страна, во штабот на СДП владееше молк.